Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 10 препораки за здраво слабеење од Џулиен Мајклс

10 препораки за здраво слабеење од Џулиен Мајклс

Заборавете ги ригорозните диети и насочете се кон здраво слабеење со помош на правилна и балансирана исхрана и вежбање, тоа е најважниот совет на Џулиен Мајклс, професионален фитнес тренер. Популарната Американка, која најмногу се прослави со шоуто „The Biggest Loser“, има креирано многу фитнес програми за обликување на телото и има напишано неколку книги со тактики за слабеење и совети за мотивација.

Џулиен МајклсЏулиен Мајклс

Во основата на долгогодишната кариера на Џулиен стојат следниве препораки:

  1. Следете го правилото „80:20“. Секојдневно, 80% од консумираната храна треба да биде здрава, а 20% од внесените калории може да бидат забавно честење со омилените јадења. На тој начин нема да се чувствувате како да сте лишени од примамливата храна и ќе имате повеќе сила да им одолеете на искушенијата.
  2. Зборувајте си позитивно. Кога си велите „морам да... (јадам салата, вежбам по 30 минути)“ или „не смеам да... (каснам торта, да си порачам помфрит)“, вие се чувствувате како принудени да направите нешто, во вас се буди бунтовничкиот дух, па кога-тогаш сè ќе ви дојде преку глава и ќе се откажете од идејата за здраво слабеење. Но, ако си велите „Нема да си порачам помфрит“ или „Нема да го прескокнам вежбањето“, вие всушност си потенцирате дека имате избор и дека ја избирате подобрата опција, т.е. да водите здрав живот.
  3. Секој ден каснувајте по еден портокал/грејпфрут/лимон. Витаминот Ц го намалува лачењето на кортизолот, односно хормонот којшто го советува телото да складира масти. Во појадокот вклучете барем неколку парчиња грејпфрут.
  4. Јадете почесто мисирка/пиле/риба. Тие меса се одличен извор на здрави протеини кои ќе ви го зачуваат чувството на ситост подолго време. Во нивниот состав влегуваат амино киселини кои се основа при градењето на мускули.
  5. Нарачувајте мудро во ресторан. Нарачајте без да го читате менито. Сите ресторани ги имаат основните јадења кои се добри за линијата – пилешки стек или риба, салата, зеленчуков микс.
  6. Пијте вода додека урината не ви наликува на лимонада. Хидратацијата може да го намали гладот и да го забрза метаболизмот со 3%.
  7. Кажете му ДА на црното чоколадо. Жените не можат да живеат без слатко, а црното чоколадо кое содржи над 60-70% какао е одличен избор за задоволување на нескротливата желба за благо. Умерената консумација на црно чоколадо е препорачлива во процесот на слабеење, основно затоа што содржи многу антиоксиданси.
  8. Стојте. Стојте и движете се наоколу секогаш кога имате можност. Стоењето согорува за 1,5 пати повеќе калории од седењето. Додека чекате на доктор или во банка, не ги користете слободните столчиња. Стојте и додека гледате телевизија.
  9. Извадете здрави закуски пред очи. Поставете чинија со овошни плодови на малата масичка во дневната соба. Ставете пластична кутија со зеленчуци на преден план во фрижидерот и јаткасти плодови на работната маса во кујната. Кога и да барате нешто за грицкање, тие треба да ви ги бодат очите.
  10. Откако ќе се најадете во ресторан, посолете ја храната за да не продолжите да мезите. Најадете се од порачаната храна и кога ќе почувствувате дека стомакот ви е полн, или подарете му ја на некој што е желен да ја доврши, или посолете ја за да не продолжите да боцкате во преостанатиот дел од вечерта. На тој начин, значително ќе го намалите бројот на внесени калории.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11057 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.