Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 10 едноминутни трикови за слабеење

10 едноминутни трикови за слабеење

Повеќето жени во текот на поголемиот дел од својот живот се обидуваат да бидат на диета за слабеење или за одржување на витката линија. И сите тие знаат дека вистинскиот избор на храна и практикувањето на физичка активност гарантираат успех.

Правилен избор на хранаКомбинацијата од вистински избор на храна и практикување на физичка активност гарантира слабеење

Но, постојат и некои брзи мали трикови кои на долгорочен план ќе ви дадат големи резултати. За само 1 минута можете да направите многу за вашата линија.

  1. Користете ленено семе. Наутро распрснете врз вашите житарки една лажица ленено семе или пак додајте го во вашата омилена салата. Растителните влакна кои ги содржи лененото семе ќе ви помогнат да се чувствувате посити и ќе внесете помалку калории во текот на денот.
  2. Разредете го сокот. Наместо цела чаша џус, турете си половина и дополнете ја со газирана вода. Така со секоја чаша ќе внесувате до 80 калории помалку. Тоа значи дека на годишно ниво ќе ослабите 2,5 килограми.
  3. Прочитајте ја внимателно етикетата. На етикетата на многу производи пишува колку калории има во 100г. продукт, т.е. калориите не се пресметани според големината на пакувањето. Во пакувањето може да има 250г. од дадениот производ, а калориите да се дадени само за 100г. На прв поглед може да се излажете за бројот на калории. Затоа, читајте внимателно.
  4. Напијте се зелен чај пред физичка активност. Едно од најдобрите нешта што можете да ги направите пред да тргнете на прошетка или на трчање е да се напиете зелен чај. Тој ќе ви помогне да го зголемите бројот на согорени калории.
  5. Заменете го путерот со маслиново масло. Наместо врз вашето парче леб да ставите путер, ставете малку маслиново масло. Така ќе внесувате околу 50 калории помалку.
  6. Издробете ги зеленчуците за салата на покрупни парчиња. Кога си правите салата, наместо да ја исечете краставицата и другите зеленчуци на тенки мали парчиња, издробете ги на крупни парчиња. Така ќе ви треба повеќе време за да ги изџвакате, а плус тоа ќе внесете помалку од главното јадење.
  7. Запишувајте колку јадете. Ако си водите евиденција колку калории внесувате, повеќе ќе се контролирате во јадењето. Не мора вашите забелешки да се совршени и да ја запишувате секоја калорија, важно е само да запишувате.
  8. Купувајте храна во мало пакување. Ако видите дека вашите омилени смоки се на промоција и за истите пари добивате поголемо пакување, прескокнете ја промоцијата. Луѓето коишто купуваат големи пакувања консумираат дури 45% повеќе калории.
  9. Пред да го отворите чоколадото, повежбајте. Ако никако не можете да престанете да мислите на вкусното чоколадо што стои во кујната, направете неколку склекови или клекнувања. Доволно е да направите една серија од 12 клекнувања за да ви се намали желбата за јадење. Плус, така ќе го потсетите мозокот на вашите цели за слабеење.
  10. Замрзнато грозје како брз десерт. Земете еден грозд и скинете ги од него сите зрна. Ставете ги врз кујнска хартија и потоа во комората за длабоко замрзнување. Откако ќе се замрзнат, преместете ги во пластична кутија. Секогаш кога ќе добиете желба да каснете нешто слатко, земете неколку зрна замрзнато грозје.

А бидејќи во просек сте будни повеќе од 950 минути дневно, сигурно ќе најдете време да воведете во пракса барем неколку трика.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11144 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.