Почетна » Новости » Занимливости » „Не постои повисока титула од Мајка“: Текст кој допира до мајчинските срца

„Не постои повисока титула од Мајка“: Текст кој допира до мајчинските срца

Мајчинството ја менува жената. Кога нејзиното бебенце ќе дојде на овој свет, ништо повеќе во нејзиниот живот нема да биде како порано. Но, тоа не значи дека ќе биде полошо.

Блогерката Бријана напиша текст за страните од мајчинството за кои никој не зборува.

Бебе

Јас сум само четири месеци дел од ова нешто наречено мајчинство... Иако секој совет што го добив додека бев бремена беше одличен, никој не ви кажува некои работи. Затоа, јас ќе ви ги кажам.

Не ти кажуваат дека ќе ви недостига бременоста. ОК, можеби само нешто од неа. Мене ми недостигаат малите клоцања наутро и кога тој ќе мрдаше на одредена музика и на гласот на татко му. Ми недостига и чувството дека е безбеден и дека не го познава овој луд, суров свет. Ќе се грижиш, но го можеш ти ова.

Не ти кажуваат за процесот на опоравување. Не, не зборувам за стриите, солзите или лузната од царскиот рез. Зборувам за опоравувањето од фактот дека 10 месеци бевте една личност, а потоа станавте две. Боли! Твоето тело буквално копнее да бидете повторно едно.

Не ти кажуваат дека ќе ти недостига фазата „новороденче“. Бессоните ноќи и плачењето кое ти ја пара душата. Лудост, нели? Знам, но вистина е.

Не ти кажуваат дека ќе плачеш многу, за сè. Ти падна цуцлата на подот? Ќе плачеш. И ќе плачеш поради фактот дека бебето не се искака денес, или дека е болно, или дека не сака да заспие. А потоа ќе плачеш дека заспало и дека сакаш да го разбудиш за да поминеш време со него. Ќе те боли. И ќе плачеш. Тоа е нормално, иако е ужасно.

Не ти кажуваат дека твојот партнер НИКОГАШ нема да постапува правилно или да биде доволно добар. Убаво слушна. Ќе се чувствуваш осамено. Дури и кога тој ќе го дава најдоброто од себе за да ти помогне на кој било начин, твојот ум ќе ти вели дека тоа не е доволно добро. Тој нема да те разбира и тоа ќе те боли. Запомни, тоа што за нас како мајки доаѓа природно, за нив не е природно. Пофали го и обиди се да бидеш помека. Тој го дава најдоброто, а тоа е многу подобро отколку што ти вели твојот постпородилен мозок.

Не ти кажуваат дека „пријателките“ ќе те исфрлат од нивниот живот како да не ги засега тоа. И не ги засега. Ако си доволно среќна, околу тебе ќе останат неколку избрани. И кога ќе станеш мајка, ќе создадеш нови пријателства со мајки. Тешко е кога одеднаш си отфрлена. Ќе те боли, но сè ќе биде во ред. Сега, ќе имаш сè што ти е потребно.

Не ти кажуваат колку е лоша постпородилната депресија/анксиозност. Страшна е, тешка и ќе се чувствуваш безвредно. Ќе го проверуваш дишењето на бебето на неколку минути. Нема ништо лошо во тоа. Но, ако чувствуваш дека тоа е премногу за тебе ментално, ПОБАРАЈ ПОМОШ. Не се срами. Им се случува на 90% од жените. Вклучително и мене. Страшно е.

Не ти кажуваат дека ќе те боли, без разлика дали доиш или даваш формула. Испукани брадавици, зголемени гради и најболното нешто... ПРЕДРАСУДИТЕ. Некој секогаш ќе има што да каже, независно дали доиш или прихрануваш со формула и ќе те боли. Прави што сакаш. Тоа е ТВОЕ бебе.

Не ти кажуваат дека тоа мало бебе кое некогаш се собираше во тебе, ќе расте како плевел. Не го забележуваш тоа додека алиштата не се оптегнат. Ќе те боли и тоа е болка која не поминува.

Не ти кажуваат дека кога ќе наближи враќањето на работа, ќе ти биде премногу тешко да уживаш во времето што ти преостанува. Бидејќи си премногу зафатена со плачење за моментите кои никогаш повеќе нема да можеш да ги искусиш со твоето бебе. Без разлика кој ќе го чува, тоа не си ти. И ќе те боли.

Не ти кажуваат дека ментално никогаш нема да бидеш истата личност. Кога ќе се роди бебето, ти стануваш личност која никој претходно не ја знаел. Зграпчи ја и бегај. Сега ти си мајка, пред сè останато. Не постои повисока титула.

Не ти кажуваат дека кога ќе се вратиш дома од работа, ќе настојуваш да го поминеш секој мал момент со твоето бебе. Направи го тоа. Валканите алишта, садовите... сето тоа може да почека. Бидејќи кога ќе се присетиш, ќе ти биде жал што си ги перела алиштата наместо да се гушкаш со твоето бебе. И ќе те боли. Остави ги алиштата.

Не ти кажуваат дека кога на бебето ќе му недостигаш цел ден, кога ќе легнеш до него, тоа ќе те фати цврсто за маицата. И неговите капаци ќе се отворат за да се увери дека Мама е сè уште тука. И ќе те боли срцето. Но, ти си таму. Ти си Мама и тоа е твоето бебе. Тоа е безбедно и среќно, исто како што си и ти.

Иако никој не ти ги кажува сите овие работи, ти ќе ги учиш ден по ден. Ти вршиш неверојатна работа и во некои денови, ќе ти биде доволно само да го слушнеш тоа.

Бебе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.