Почетна » Новости » Занимливости » НЕ издржаа: Четворица мажи носеа штикли еден ден мислејќи дека жените се жалат непотребно

НЕ издржаа: Четворица мажи носеа штикли еден ден мислејќи дека жените се жалат непотребно

Четворица мажи ја прифатија задачата да носат штикли цел еден работен ден, мислејќи дека жените се жалат непотребно. Причината за социјалниот експеримент, направен од лондонското списание „Stylist“, е тоа што „работодавачите во Британија сè уште имаат легално право да ги натераат жените да носат штикли на работа“.

„Ова е лесно. Не знам зошто сите се жалат за нив“ – вели еден од четворицата мажи, кои носеа штикли еден работен ден, пред да си ја свитка ногата додека слегува по скали.

Во видеото, кое досега е прегледано повеќе од 14 милиони пати, четворицата мажи одат низ канцеларија, се обидуваат да стигнат навреме на состанок, слегуваат по скали и чекорат низ трева и нерамен пат.

„Навистина ми е жал за жените кои се принудени да ги носат“ – вели еден од мажите на крајот на видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.