Почетна » Новости » Занимливости » „Најубавото чувство на светот“: Донираше 235 литри мајчино млеко за мајки кои имаат проблеми со доењето

„Најубавото чувство на светот“: Донираше 235 литри мајчино млеко за мајки кои имаат проблеми со доењето

Знаејќи како е една мајка да се соочува со намалена лактација, Кејти Банерман донираше 235 литри мајчино млеко за жените кои имаат потешкотии при доењето.

Добродушната Американка воопшто не го доела првото детенце, бидејќи сметала дека нејзиното тело не лачи млеко, па се откажала.

Не сакајќи да го лиши и второто детенце од скапоцените придобивки од мајчиното млеко, таа се одлучила да побара помош за надминување на овој проблем. Кејти се обратила кај консултантка за лактација која значително ѝ помогнала.

„Тоа е најубавото чувство на светот, искрено. Сметам дека мајките, мајките кои дојат, навистина се приврзуваат за млекото. Во почетокот е тешко да се откажеш од доењето“ – вели Кејти.

Кејти Банерман

На крај, таа испумпувала млеко повеќе отколку што му било потребно на нејзиното бебенце.

Во својот фрижидер, Кејти складирала кеси со 235 литри „течно злато“ кое им го донираше на мајките кои се соочуваат со намалена лактација.

„Секојпат кога имате повеќе млеко отколку што му треба на вашето дете, тоа е хиперпродукција. Јас испумпував по 2 до 2,5 литри на ден“ – вели Банермен.

Кејти Банерман

„Најчестите проблеми доаѓаат од недоволната едукација и незнаењето на жените кои стануваат мајки за првпат. И сега, во пандемијата, би рекла дека тие имаат недостиг на поддршка, бидејќи семејството можеби не може да доаѓа да им помага откако ќе се породат“ – изјавила консултантката за лактација, Натали Вард.

Кејти Банерман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.