Почетна » Новости » Занимливости » Најубавиот подарок: Мајка роди бебенце на 29-тиот роденден во „Плодност“

Најубавиот подарок: Мајка роди бебенце на 29-тиот роденден во „Плодност“

Кога роденденските желби се остваруваат...

Македонка го доби најубавиот подарок за својот 29-ти роденден. Среќната Ивана токму на овој специјален ден на свет ја донесе својата ќеркичка.

Емотивниот момент се случи во болницата „Плодност“ во Битола, под грижливото водство на Д-р Кристинка Пајаковска и нејзиниот тим. Фотографиите се објавени на социјалните мрежи на болницата.

Ивана

НАЈУБАВИОТ ПОДАРОК ЗА НЕЈЗИНИОТ 29-ТИ РОДЕНДЕН!

Вчера, точно во 08:55 часот, Ивана го доби највредниот подарок, здраво женско бебе, со тежина од 3220g и должина од 49cm, токму на денот кога пациентката наполни 29 години.

Породувањето го водеше Д-р Кристинка Пајаковска, во координација со тимот од анестезиолошка служба и интензивна нега:

• Д-р Мимоза Гелевска – анестезиолог
• Д-р Коста Замановски – анестезиолог специјализант
• Билјана Поповска Марковска – медицинска сестра
• Андријана Лозановски – медицинска сестра
• Ирена Стојановска – медицинска сестра
• Силвана Јовановска – болничарка

По успешно завршеното породување, тимот ѝ упати роденденска честитка на мајката, симболичен гест кој го обележа овој посебен ден.

Среќен роденден Ивана.

Ви посакуваме добро здравје и многу среќни моменти заедно.

Ивана

Нема ништо повозбудливо и поволшебно од тоа два животи да се слават на ист ден. За Ивана, овој 29-ти роденден ќе остане најзначајниот во нејзиниот живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26762 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.