За Џули Баргас еден обичен работен ден се претвори во ден кој засекогаш ќе остане во нејзиното срце.
Учителката од градинка во Оклахома доби предлог за брак од саканиот во училницата во која предава. Нејзиниот партнер Џош ја изненади со помош на малите дечиња и ѝ го постави судбоносното прашање.

Имено, Џули била повикана накратко во канцеларијата на училишниот секретар, а откако се вратила, ја очекувало слаткото романтично изненадување.
Сите деца биле наредени во линија и секое од нив ѝ подарило на Џули по еден лажен прстен. На средина од училницата се наоѓал Џош, клекнат на едно колено со вистинскиот веренички прстен во раката.
„Беше навистина слатко“ – изјавила Баргас за People.


Џули и Џош се запознале по нивните разводи од претходните партнери и инстантно се поврзале. И двајцата веќе биле родители, што уште повеќе ги зближило.
Баргас е мајка на 15-годишно момче и 12-годишно девојче, додека Џош има
Парот планира интимна венчавка со најблиските роднини и пријатели.
„Бев преплавена од емоции. Го сакам овој човек повеќе отколку што можам да опишам со зборови. Поминавме низ многу тешки моменти заедно. Тоа беше најлесното ‘да’ што некогаш сум го изговорила.“
„Кога сфатив што сè направил за да го организира тоа изненадување, уште повеќе се вљубив во него“ – изјавила Џули.


