Почетна » Новости » Занимливости » Моќта на апциклирањето: Компанија ги претвора цвеќињата од храмовите во Индија во миризливи стапчиња

Моќта на апциклирањето: Компанија ги претвора цвеќињата од храмовите во Индија во миризливи стапчиња

Милиони хиндуисти го започнуваат секој ден со ритуално положување на цвеќе во храмовите. Овие цветови се сметаат за свети и не смеат да бидат фрлени во отпад, па поради тоа завршуваат во реките во Индија.

Во реката Ганг секојдневно се исфрлаат стотици тони цветен отпад, загадувајќи ја водата со штетни хемикалии и пестициди. Сето тоа индиректно ги труе жителите кои се потпираат на реката за храна, вода, капење и земјоделство.

Цветен отпад

Иновативната компанија „Phool“ цели да го промени тоа и да им даде втор живот на тие цветови, а истовремено да ја спаси Ганг.

Оваа компанија секојдневно собира над 8 тона цветови од храмовите и ги претвора во рачно изработени миризливи стапчиња.

Вработените во компанијата создаваат по околу 400 миризливи стапчиња во еден час. Секое пакување со миризливи стапчиња кое се продава, спречува 1,25 килограми цвеќиња да бидат фрлени во реката Ганг.

phool phool

ВИДЕО:

„Свети, етички, хумани. 'Phool' е првото профитабилно и чисто решение за монументалниот проблем со отпадот од храмовите. Секојдневно собираме по 8,4 тона цветен отпад од храмовите во Утар Прадеш, Индија. Овие свети цвеќиња се рачно преработени во стапчиња без јаглен и се пакувани во биоразградливи материјали.“

„Сите наши производи се рачно изработени од жени, на кои им обезбедуваме предвидлива и здрава егзистенција. Денес, храмовите и верските власти сакаат да бидат дел од нашата мисија, укажувајќи на промена во неколкувековната штетната религиозна практика на фрлање отпад од храмовите во реката“ – стои на сајтот на „Phool“.

Основачот на „Phool“, Анкит Агарва, вели дека не било лесно да ги убеди храмовите да ги отстапуваат цвеќињата.

Идејата на Анкит била „Што им припаѓа на Боговите, оди повторно кај Боговите“, укажувајќи дека горењето на стапчињата повторно го означува обожувањето на Боговите.

phool phool

Работата во „Phool“ им го променила животот на 73 жени. „Порано, чистев по 20 тоалети дневно. Беше толку ужасно што потоа не сакав ни да јадам. „Phool“ ни даде преродба мене и на моите деца“ – вели една од вработените.

phool
phool phool

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11333 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.