Почетна » Новости » Занимливости » Моќни фотографии апелираат: Стоп за труењето на кучиња

Моќни фотографии апелираат: Стоп за труењето на кучиња

Деновиве, труењето на кучињата е доста актуелна тема во Македонија. Досега со отров метомил се усмртени намалку 10-тина невини животни.

Сето ова се случува по инцидентот кога куче нападна шест жители на населбата Ново Лисиче, по што следуваа и пријави за напади и во други општини на Скопје.

Од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ истакнаа дека кучето од расата ротвајлер, за кое постои сомневање дека ги извршило нападите, било безмилосно оставено на улица од неговиот сопственик и дека токму тој треба да ги сноси последиците.

Тие апелираат до надлежните институции да ја смират јавноста, да извршат истраги на терен, во земјоделските аптеки и пазарите каде се купува отров и да ги санкционираат најстрого сите кои труејќи предизвикуваат јавна опасност и вршат строго казниво кривично дело.

„Животните не се закана во Скопје, ниту во нашата држава, издвоените случки како овој не смеат да бидат третирани со сензационализам. За природата на животните не смее да говори исклучокот, кучето било и ќе биде човеков најверен пријател. Животните не се криви што завршиле на улица и нема да ги снема со убивање, туку само и исклучиво со масовна стерилизација на бездомните и воспоставување на контрола врз причинителот бр.1 за нивното постоење – неодговорното чување, неконтролираното размножување, фрлањето на милениците на улица“ – изјавија од „Анима Мунди“.

На социјалните мрежи кружат фотографии со моќни пораки против труењето на невини кучиња, а покрај нив и мачки.

„Мојот живот вреди колку и вашиот. Да имавте и вие луѓето срце како моето, светот ќе беше многу поубаво место за живеење! Насилството не е решение!!!“

Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња Стоп за труењето на кучиња

Протест против масовното труење кучиња и мачиња ќе се одржи на 17 декември (недела) од 12 часот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.