Почетна » Новости » Занимливости » Моќна објава на мајка за пријателството на нејзиниот 6-годишен син со Даунов синдром со љубезно девојче

Моќна објава на мајка за пријателството на нејзиниот 6-годишен син со Даунов синдром со љубезно девојче

Секој родител на дете со Даунов синдром се соочува со истата грижа: Дали детето ќе биде добро прифатено од неговите врсници? Приказната на една мајка ќе ви покаже дека децата најчесто не ја регистрираат различноста и дека ние, возрасните, треба да учиме од нив.

Мајката на малиот Ноа била многу загрижена за тоа дали тој ќе може да комуницира со другите деца во училиштето и дали тие добро ќе го прифатат. Затоа одлучила да ги посети соучениците на својот син и да поразговара со нив. Кога стигнала во училиштето, била пријатно изненадена бидејќи видела дека 6-годишното момче се стекнало со најдобра другарка, уште на третиот училиштен ден.

Посветената мајка објави на Facebook фотографија од дружењето на двете деца и ја раскажа нивната приказна. Прочитајте ја нејзината објава која допре до илјадници срца:

Ноа

„Нема доволно зборови кои можат да опишат каков благослов за нашето семејство е ова мало девојче. Таа беше онаа која до крајот на третиот училиштен ден се изјасни дека Ноа е нејзиното најдобро другарче ‘кое е машко’. Тоа беше уште пред да имам шанса да го посетам класот и да позборувам во врска со Ноа. Таа е неговиот најдобар помагач и мотиватор.

Се колнам дека таа може да го натера Ноа да направи што било (на добар начин). Го остава да победи кога се тркаат и си игра со него како што би си играла со секое друго дете. Таа не може да дочека за да разбере сѐ што тој има да каже, но веќе може да го дешифрира неговиот говор речиси исто добро колку што можам јас.

Нејзините родители се исто така супер. Им се допаѓа пријателството и тие сакаат да се осигурат дека таа не му помага премногу.

Вчера ја поканивме на кино и потоа на јадење во Chick-fil-A. Ноа сакаше да се дотера веднаш кога дозна што ќе правиме. Како што гледате, и таа го сфати тоа сериозно. Беше толку забавно попладне/вечер додека се дружевме со нив. Тие си поминаа фантастично. Беше благослов да се види нивното пријателство во акција. Светот има многу да научи од овие двајца 6-годишници“.

Ноа е најстарото дете во петчленото семејство. Тој има две помали братчиња од кои едното е старо само неколку дена.

Ноа Ноа Ноа Ноа Ноа Ноа Ноа Ноа Ноа Ноа Ноа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25882 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.