Почетна » Новости » Занимливости » Моќен краток анимиран филм од татко на аутистичен син за децата кои се „различни“

Моќен краток анимиран филм од татко на аутистичен син за децата кои се „различни“

Краткиот филм „Float“ ќе ве освои со силната порака за прифаќањето на „различните“. Анимираното видео на Pixar е дело на Боби Рубио, кој сакал да ја раскаже приказната за неговиот син и дијагнозата аутизам.

7-минутниот филм го следи животот на татко кој се грижи за мало синче со специјална моќ да лебди во воздухот. На почетокот, тој се обидува да го сокрие момчето од осудувачките погледи на соседите, но на крајот, успева да го надмине моментот „што мислат другите“ и да го прифати синот онаков каков што е.

На Рубио во реалниот живот му било тешко да прифати дека неговиот син е аутистичен, па го користел сопственото искуство за да го креира таткото од филмот. „Се измачував со дијагнозата на почетокот. Да бидам искрен, поминав низ депресија“ – признава тој.

Float

Филмот беше објавен во 2019 година на Disney+, а Pixar и Disney сега одлучија да биде достапен за целиот свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.