Арвида Бистром се соочи со бран остри критики, навреди и закани откако ја сними кампањата „Icons of Tomorrow“ на adidas, која ја слави автентичноста.



Веднаш штом ги објави фотографиите, шведската фотографка и артистка започна да добива негативни коментари како „грозна, гнасна и депресивна фотографија“, „ова не е девојка, ова е мајмун“, „Ужасно! Избричи ги нозете ку*ко или носи панталони!“...
Младата девојка на Instagram објави дека добивала многу негативни пораки, дури и закани дека ќе биде силувана. Тоа поттикна многумина да ја искажат нивната поддршка.
Арвида доби и многу охрабрувачки коментари, меѓу кои „Ти си прекрасна... навистина! Ова е вистинскиот начин за да се ослободиш себеси од опсесијата со стереотипната убавина“, „Не им обрнувај внимание на луѓе чии ставови припаѓаат во 50-тите години. Продолжи да бидеш себеси - вистинска“, „Честитки за храброста. Продолжи така“...
Како неконформистка, Бистрон се залага за тоа дека секој може да прави што сака со сопственото тело и често споделува провокативни фотографии и сефија на кои се гледаат нејзините влакнести пазуви и препони.

