Почетна » Новости » Занимливости » Мислела дека има камен во бубрегот, кога пристигнала во болница, го родила четвртото дете

Мислела дека има камен во бубрегот, кога пристигнала во болница, го родила четвртото дете

Одвреме-навреме низ светот се распространуваат стории за жени кои не знаеле дека се во блажена состојба сè до породувањето. И тоа не е реткост, како што многумина би си помислиле. Стефани Џагерс е меѓу тие мајки. Таа го родила своето синче, откако отишла во болница сомневајќи се дека има камен во бубрегот.

Кога започнала да чувствува силна болка, Стефани и нејзиниот сопруг веднаш се упатиле кон болница, мислејќи дека се работи за бубрежен камен. Откако ѝ бил направен ултразвук, докторите ѝ соопштиле дека болките кои ги чувствувала, всушност се контракции и дека е во 38. недела од бременоста.

Кратко време по пристигнувањето во болницата, Стефани го родила своето четврто дете. Момчето се родило тешко 3,3 килограми и го добило името Шон Џуд.

Бебе Бебе

Поради тоа што многу пријатели и роднини прашувале како било можно Стефани да не знае дека е бремена, нејзиниот сопруг Мајкл се обиде да им објасни преку текст на Facebook.

Прашањето кое беше поставено повеќепати утринава е: „Како ти НЕ знаеше дека си бремена 8 месеци?“. Ве молам верувајте дека тоа е прашање кое јас и Стеф си го поставувавме честопати кога слушавме приказни слични на оваа. Еве што можеме да сумираме од информациите кои ни ги дадоа докторите во болницата.

На Стеф ѝ беше дијагностицирана пременопауза пред извесно време, што го објаснува дисбалансот на хормоните кој е поврзан со бременоста. Исто така, Шон беше поставен карлично низ целата бременост, а тоа го спречуваше да се движи, што би ѝ дало знак на Стеф дека е внатре. Поради неговата позиција, стомачето на Стеф не се „истакнуваше“. Најбизарниот дел е што таа продолжи да има менструален циклус, за што од болницата ни велат дека е реткост, но може да се случи.

За крај, пред неколку недели Стеф го скрши глуждот и мораше да мирува последните неколку недели, што го ограничи нејзиното движење. Сето ова заедно ја исфрли од нашите умови дури и најмалата шанса за бременост.

Се надевам дека ова ќе објасни како/ зошто овој пораѓај ни дојде како шок. Не можам да ви опишам низ колку различни емоции поминавме во последните 12 часа. Од пребарување на Google „лекување на камен во бубрегот“ до паничен напад поради фактот што ќе имаме дете и дека тоа ќе се роди за само еден час. Повеќето родители имаат добри 9+ месеци за да се подготват за ваков благослов, ние имавме само 30 минути. За среќа, зачувавме голем дел од бебешката облека на Џејкоб и Дилан и мојата фамилија ни понуди помош.

Мајка ми синоќа ми рече дека Бог ни дава онолку колку што можеме да поднесеме. Покрај предизвикот што го имаме пред нас, со моментално хендикепирана сопруга која мора да се грижи за Сејди и Шон, ние имаме две други деца кои имаат желба да помогнат колку што може повеќе.

Иако беше неочекувано, ние четврт пат сме благословени со ангел. Не можам доволно да ви се заблагодарам за убавите желби и сите молитви. Ве сакаме сите многу, а тоа што знаеме дека толку многу луѓе навистина се грижат за нас, го прави ова искуство уште поубаво.

Бебе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.