Мало чудо... Предвреме родено бебенце со тежина од само 268 грама е најмалото момче во светот кое здраво си заминува дома.
Бебето било родено во 24 недела од бременоста на мајката со помош на царски рез, затоа што докторите забележале дека престанало да расте. Минијатурното новороденче поминало пет месеци на интензивна нега во Keio University Hospital во Токио.


Малиот херој достигнал тежина од 3,2 килограми кога бил пуштен дома.
„Можам само да кажам дека сум среќна што порасна толку голем, бидејќи искрено не бев сигурна дека ќе преживее“ - изјавила мајката.


Во интервју за BBC, докторот Такеши Аримитсу, кој бил одговорен за негата на бебето, потврдил дека тоа е најмалото преживеано момче во светот.
Претходно рекордот бил поставен од бебе родено во Германија со тежина од 274 грама. И најмалото девојче (252 грама) било родено во Германија во 2015 година.