Кога мајката и ќерката обожаваат да се дотеруваат, резултатот е дуо со ултра-модерен стил.
3-годишната Александра Рене и нејзината мајка Вирџинија забрзано привлекуваат обожаватели со изборот на своите складни аутфити.
Instagram профилот на слаткото девојче изгледа како стилски дневник. Тоа досега има привлечено речиси 30.000 следбеници на социјалната мрежа, но таа бројка континуирано расте.




















































