Почетна » Новости » Занимливости » „Ми рекоа да скокнам од мост и да се убијам“: Plus-size модел доби критики зашто ослабе 113 кг

„Ми рекоа да скокнам од мост и да се убијам“: Plus-size модел доби критики зашто ослабе 113 кг

Драстичната трансформација на Роси Меркадо минатата година привлече огромно внимание. 36-годишниот plus-size модел ослабе 113 килограми и доби река комплименти за упорноста и решителноста да го подобри својот изглед и здравјето. Но, дел од фановите на Роси не биле одушевени од нејзиното слабеење.

Роси Меркадо

Меркадо добивала мејлови и пораки полни со критики и лоши зборови. „Ми рекоа да скокнам од мост и да се убијам бидејќи ослабев“ – изјави Роси за TMZ, нарекувајќи ги критичарите „активисти за дебелина“.

Роси Меркадо Роси Меркадо Роси Меркадо Роси Меркадо Роси Меркадо

Исто така, Меркадо истакна дека злонамерните критичари го мразеле фактот што таа јавно го покажувала своето успешно слабеење.

Клучниот момент кога мајката на три деца решила да го промени начинот на живот и да внесе здрава исхрана во своето секојдневие, бил кога од авионска компанија ѝ рекле дека за да патува мора да купи карти за две седишта.

Роси Меркадо Роси Меркадо

„Не беше најлесното патување, имав подеми и падови. Но, кога ќе го споредам квалитетот на мојот живот сега со животот во минатото, знам дека вредеше“ – вели Меркадо, која сега тежи 77 килограми.

Роси Меркадо Роси Меркадо

Од своето искуство, Роси научила неколку лекции меѓу кои: упорноста секогаш се исплатува, никогаш да не ѝ суди на книгата по корицата и како треба да се однесува со луѓето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11042 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.