Почетна » Новости » Занимливости » Медицинската сестра, која стана симбол на борбата со коронавирусот, доби награда „Личност на годината“ во Венеција

Медицинската сестра, која стана симбол на борбата со коронавирусот, доби награда „Личност на годината“ во Венеција

Алесија Бонари пред неколку месеци стана симбол на тешката борба со коронавирусот. На почетокот на март, во екот на големата корона-криза во Италија, младата медицинска сестра сподели фотографија на која се гледаат трагите и раните на лицето од долгото носење заштитна опрема. Нејзината фотографија го обиколи светот, а нејзината пожртвуваност не остана заборавена.

Алесија Бонари

Бонари беше поканета на Филмскиот фестивал во Венеција каде ѝ беше доделена и наградата „Личност на годината“. „Благодарам Венеција за сето внимание, но пред сè, ѝ благодарам на мојата Италија... Да, ова е сон. Но утре се враќам во Милано. На работа“ – изјавила таа.

Алесија Бонари

23-годишната девојка шармантно позираше на црвениот тепих во црна креација.

Алесија Бонари Алесија Бонари Алесија Бонари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11052 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.