Почетна » Новости » Занимливости » Мајкини ќерки

Мајкини ќерки

Постоењето во време кога жените се присутни во секој домен од јавниот живот, а сепак подлежат на дискриминација, ме инспирира. Ми влева волја и силна желба да се поттурнувам напред, да ги пробивам бариерите за да успеам да се изборам за себе. Животните ретроспективи на жените се универзум од диверзитет, секоја една со свои совети и поуки. Во тоа разноличие сепак нечии сенки ќе приличат една на друга. Ќе се преклопат чекори, ќе се поистоветат одлуки, ќе заприлегаат насмевки.

Мајка и ќерка

Во современиот професионален живот најопсежната, едновремено и најтешката професија која може да ја избере една жена е мајчинството. Занает кој се втемелува во еден миг и е во вечна доизградба. Секогаш има слободни работни места во професија како оваа. За ваква кариера не ти следува ниту здравствено осигурување ниту пензија. Волонтерството е целодневно до крајот на животот, а после тебе продолжуваат твоите потомци- ќерки. Секоја професионална сфера забележува прогрес, само мајчинството е во константен разгор.

Ние, ќерките сме вечни стажантки на нашите мајки. Од раѓање, низ целиот животен процес, па до крајот на нашето постоење се трудиме да го реставрираме мајчиното дело. Рефлексијата од нејзината љубов и посветеност ја пресликуваме на нашите скулптури. Одразот на борбеност и издржливост кај нас е отсјај на непоколебливост. Мајчиниот морал е алегорија на дамата во нас. Нè води низ конфликтен вртлог со можност за правилно расудување. Разлеаните мисли низ ќеркиното рацио се преточуваат во решителен потег. Длабоките мајчини корени ни пружат шанса барем малку да им компарираме на мајчините дела. Ќеркините мајки се симбол на вечна муза.

Желбата нашите дела да бидат барем во паралела со мајчините е неостварлива. Нашата прегратка ќе биде само аналогија на мајчината прегратка. Модернизмот на нашето време остава отпечаток за идна историја на наши ќерки, наши внуки. Во сегашноста можеме само да ја играме општествената улога на предана ќерка. Можеме само да бидеме балгодарни на нашите мајки за тоа што сме и за тоа што се надеваме дека ќе бидеме. Сега сме само горди ќерки на горди мајки- горди жени.

Текстот ни го испрати читателката Андријана Тодосова за да ѝ се заблагодари за нејзината мајка и заедно да им го честитаме празникот на сите мајки и подани ќерки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.