Почетна » Новости » Занимливости » Мајка сподели фотографија од стриите и раната од царскиот рез за да покаже како РЕАЛНО изгледа телото по раѓање

Мајка сподели фотографија од стриите и раната од царскиот рез за да покаже како РЕАЛНО изгледа телото по раѓање

Мајка сподели нефотошопирана и реална фотографија од своето тело по породувањето за да им порача на новите мајки да не се споредуваат со „совршените“ Instagram модели.

Рут Ли ги покажа стриите и царскиот рез на Instagram откако цела вечер гледала фотографии од совршени жени и се чувствувала ужасно заради својот изглед. „Завршив на подот од бањата, плачејќи. Се чувствував дека вредам помалку зашто моето тело не изгледаше како нивното. Знаев дека мора да има и други жени како мене и дека на социјалните мрежи им требаат повеќе автентични слики. Си велев дека ако ова го видат други жени кои се мачат со прифаќањето на нивното тело, ќе сфатат дека не се сами“ – вели таа.

Фотографијата била направена неколку дена по раѓањето на нејзината ќерка Присли.

Рут Ли

Еве го текстот на Ли, кој е насочен кон сите луѓе кои не можат да се прифатат себеси какви што се поради стандардите за убавина наложени на социјалните мрежи.

Го објавувам ова вечерва со солзи во моите очи. Не можам да се воздржам. Бременоста и раѓањето на моето мало девојче беа најневеројатното нешто од кое сум била дел. Некои луѓе не сакаат да имаат деца и го почитувам тоа. Навистина го почитувам.

Но, јас, јас отсекогаш сум сакала.

Кога конечно се случи тоа, беше многу тешко потполно да се восприеме. Бременоста и бебињата се многу честа појава. Тие се насекаде. Но, кога се работи за твоето тело и твоето бебе, е многу поразлично. Буквално се чувствуваш како тоа да е чудо. Бидејќи кога ќе ти се случи тебе, е чудо.

Она што ме доведе на Instagram вечерва е телото по породувањето. Следев многу бремени модели за време на мојата бременост. И кога ќе се фотографираа покрај базен 5 минути по породувањето, си мислев: „Wow! Се надевам дека истото ќе ми се случи и мене!“.

Имав 25 години кога се породив. Бев здрава и млада. Останав физички активна во текот на мојата бременост. Ги пиев најдобрите таблети, вежбав во фитнес сала, ги користев сите средства за спречување на појава на стрии. Одев на часови за раѓање, ги прочитав сите можни книги, го изучував природното породување во текот на целата моја бременост. И покрај сè, имав трауматичен пораѓај, царски рез, лузни, стрии и за жал, неможност да дојам долгорочно.

Ја направив оваа фотографија неколку дена по раѓањето, кога постпородилната депресија за првпат ми се замеша во животот. Ја направив и се запрепастив. Не можев да поверувам дека тоа сум јас. Го споделувам ова зашто во срцето знам дека има луѓе кои се чувствуваат несоодветно. Кои можеби си мислат дека не се убави, дека можеби се уништени, безвредни или недоволно добри.

Вашите може да не се физички лузни, туку неуспешна врска, потешкотии во кариерата, ментална борба, финансиски проблеми или едноставно чувството дека да лутате низ животот.

Бидете љубезни кон себе. И знајте дека не сте сами. Споредувањето со другите е крадец на радоста. Не дозволувајте социјалните мрежи да ви ја уништуваат претставата за тоа што е убаво, за она што е РЕАЛНО.

Рут ЛиРут Ли со ќерка си

И претходно Рут имаше споделено фотографија од стриите на стомакот со емотивен текст за нејзиното тело:

Рут Ли

Една лузна за секој твој здив, секое трепкање, секое поспано проѕевање.

Една лузна за сите пати кога си го цицаше палецот, мавкаше за „здраво“, ги затвораше очите и спиеше во најсовршената темница. Една лузна за сите пати кога икаше. Една лузна за сите соништа кои ги сонуваше внатре во мене.

Не е многу „привлечно“ повеќе.

Некои можеби ќе сметаат дека е грдо.

Во ред.

Тоа беше твој дом.

Те чуваше додека тоа не го направија моите раце и затоа, јас секогаш ќе наоѓам убавина во него.

Ли на почетокот гледала на царскиот рез како на нејзин личен неуспех, но подоцна научила да ја сака својата лузна, бидејќи таа го претставувала најдобриот ден од нејзиниот живот – оној кога таа станала мајка.

„Лузната претставува повеќе од 19 часа породување, ја претставува силата која не знаев дека ја поседувам, ја претставува болката која ја истрпив за доброто на моето бебе, го претставува моментот кога дојде на свет моето бебе тешко 3,9 кг и кога имавме можност да се погледнеме во очи една со друга“ – изјавила Ли.

Рут Ли

„Се надевам дека за секунда ќе ги обединам мајките и реалните жени да споделат малку искреност“ – додава таа.

Рут Ли Рут Ли Рут Ли Рут Ли Рут Ли Рут Ли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11430 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.