Почетна » Новости » Занимливости » Мајка која роди тројка по борба со неплодност со гордост го покажа збрчканиот стомак и испрати силна порака

Мајка која роди тројка по борба со неплодност со гордост го покажа збрчканиот стомак и испрати силна порака

Дезири Фортин е горда мајка на три слатки дечиња, која по мачна борба со неплодност, научи да ги сака сите „лузни“ од бременоста и да ја гледа убавината на постпородилното тело.

Дезири Фортин

Откако двапати во една седмица блиски пријатели ѝ честитале за наводна бременост само затоа што нејзиниот стомак е минимално заоблен и опуштен, таа напиша искрен текст. Во него, објаснува дека ги обожава стриите и салото на стомакот и ги нарекува „рани на надежта“, а воедно и објаснува дека се чувствува благословена што го доживеала мајчинството.

Дезири Фортин

„Иако имам малку екстра сало на стомакот и многу тигарски шари, копнеев за вакви рани. Тие се потсетник за неиздржливата болка и тагата кои неплодноста му ги предизвика на моето срце. Истовремено, моите рани на надежта се доказ за мојата сила и храброст низ болката и загубата од празна утроба и низ екстремната радост и блесокот на плодна утроба. Тие се чиста убавина, бидејќи ги претставуваат моите чуда.“

„Моите рани на надежта исто така претставуваат мошне мрачни денови кои ги имав како нова мајка. За мене, последиците од неспиењето се појавуваа навечер... Мојата истоштеност се претвори во анксиозност и депресија и неколкупати завршував на подот во бањата во рацете на маж ми кој правеше сè што е во негова моќ за да ми помогне да дишам нормално. Бев преплашена и тажна. Се срамев од себе и се чувствував неверојатно осамено. Сега, го гледам сето тоа кога ги гледам моите лузни.“

„Секоја мала брчка и секоја лузна и висната кожа која е истисната од моите фармерки покажува колку е голем Бог во неподносливи ситуации“ – пишуваа таа на својот блог.

Дезири Фортин

Откако измина трнлив пат за да стане мајка и успеа да ги роди малите Шарлиз, Сојер и Џекс благодарение на инвитро оплодување, Дезири гледа на своето тело со огромна гордост.

„Ги сакам моите рани и го сакам животот кој јас го дадов. Многу сум горда на моето тело и она што тоа го покажува за моето патување“ – пишува таа.

Дезири Фортин Дезири Фортин Дезири Фортин Дезири Фортин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11211 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.