Почетна » Новости » Занимливости » Мајка смело го покажа збрчканиот стомак со стрии за да испрати охрабрувачка порака до новите мајки

Мајка смело го покажа збрчканиот стомак со стрии за да испрати охрабрувачка порака до новите мајки

Инспиративна мајка сподели фотографија од својот збрчкан стомак по раѓањето на двете синчиња, гордо покажувајќи ги стриите предизвикани од нејзините бремености. Сето тоа со една цел – да пренесе охрабрувачка порака до новите мајки.

На фотографијата, Александра Килмари позира со своето петмесечно синче.

Александра со синчето

Во описот на фотографијата, таа признава дека ѝ било тешко да го прифати своето тело по двете породувања, но дека сега конечно се чувствува убаво во своја кожа. Смелата жена од Флорида се обидува да ги утеши мајките кои страдаат од постпородилна депресија и кои се тажни секојпат кога ќе си го погледнат надвиснатиот стомак и да им покаже дека сè ќе помине и тие повторно ќе се чувствуваат прекрасно во своите тела.

Прочитајте ја нејзината порака:

„Знам дека многумина до вас веројатно си помислуваат „Зошто би ја објавила оваа фотографија“, но мене ми требаа 18 месеци за да стигнам тука, 18 месеци за да не заплачам кога ќе се погледнам во огледало, 18 месеци за конечно да се почувствувам убаво во својата кожа. Никој не те предупредува за темните страни од мајчинството и бременоста. Никој не ти кажува колку многу ќе се промениш физички и ментално откако ќе станеш мајка. Беше долго и тешко постпородилно патување за мене. 18 месеци по мојот прв син и 5 месеци по мојот втор син конечно чувствувам дека можам да ја видам светлината и искрено се чувствувам прекрасно.

На здравје за вас мајки кои се борите со постпородилна депресија и сè уште се исправувате секој ден за своите деца! На здравје за сите вие мајки кои сè уште плачете за стриите на вашата кожа од раѓањето на вашите совршени бебиња. На здравје за мајчинството и на здравје за знаењето дека сето ова ќе помине и нештата ќе бидат подобри.“

Со својот искрен пост, таа привлече стотици позитивни коментари.

„Ти си силна, убава, инспиративна и супер мајка“, „Гледајќи во оваа фотографија сè што гледам е убаво бебенце и неговата прекрасна мајка, која носи несебични одлуки и се жртвува за своите деца секој ден“, „Гордеј се со твоите тигрести шари Мајко. Ти израсна 2 личности. Колку си неверојатна“, „Ти си одлична. Ти си убава. Ти си херој. Ти си мајка“, „Јас не сум мајка, но тоа што можам да го кажам е дека нема за што да се срамиш. Раѓањето на бебе е дар и чудо. Нашите тела се направени за ова и тоа докажува колку силна и убава жена си ти. Имаш прекрасно тело. Стриите не се ништо“ – се дел од комплиментите кои ги доби Александра на својот пост.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.