Почетна » Новости » Занимливости » Мајка секоја година плаќа роденденска торта за случајни личности за да го одбележи роденденот на покојниот син

Мајка секоја година плаќа роденденска торта за случајни личности за да го одбележи роденденот на покојниот син

Слатко-горчливо изненадување во слаткарница стана вирален хит.

Камерон Филипс отишла да ја земе тортата за третиот роденден на нејзиниот син, кога од слаткарницата ѝ кажале дека тортата била платена. Плаќањето било извршено од повозрасна госпоѓа, која секоја година плаќала по една случајно избрана торта за да го одбележи роденденот на нејзиниот покоен син. Заедно со тортата, Камерон добила и кратко писмо со скапоцена лекција:

Денес е 37-миот роденден на мојот син, неговиот шести роденден во Рајот. Во негов спомен, ја платив вашата торта. Ве замолувам да уживате, да создадете прекрасни спомени и силно да го гушкате вашето бебе (без разлика на која возраст е)!

Со љубов,
Мајката на Дру

Камерон

„Денес отидов да ја земам тортата на Риџ. Ми ја дадоа тортата и ми кажаа дека тортата била платена од госпоѓа која доаѓа секоја година и им кажува да изберат торта за таа да ја плати.“

„Не знам која е ‘Мајката на Дру’, но таа е многу мила душа. Ова навистина ми го разубави денот и направи денес да ги ценам моите бебиња повеќе! Ти благодарам ‘Мајката на Дру’ за милиот гест и за тоа што ми ги отвори очите повеќе денес“ – напиша Камерон.

Камерон Камерон

Во коментарите многумина ѝ се заблагодарија на мајката на Дру за скапоцената лекција која им ја пренесе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11908 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.