Почетна » Новости » Занимливости » Мајка ненамерно ги покани сите 487 контакти од телефонот на првиот роденден на ќеркичката

Мајка ненамерно ги покани сите 487 контакти од телефонот на првиот роденден на ќеркичката

Замислете си да го организирате првиот роденден на вашето дете и наместо да ги повикате луѓето кои најмногу ви значат, ненамерно да ги поканите сите можни контакти од телефонот.

Токму тоа ѝ се случи на Емили Кинг.

30-годишната мајка од Калифорнија одлучи да им испрати покани на гостите преку интернет страницата Evite. Но, наместо да ги селектира само личностите кои требало да ги покани, страницата ги селектирала сите контакти кои некогаш ги зачувала во својот телефон. Поканите биле адресирани како имињата кои Емили ги напишала на зачуваните контакти.

Емили Кинг

Испаничената мајка веднаш снимила видео кое стана вирален хит на TikTok.

„Штотуку направив Evite за забавата за првиот роденден на ќерка ми и на Evite стои ‘Import contacts’ и јас мислев дека се мисли да селектирам од контактите.“

„Не, тоа ги внесе сите 487 од моите контакти и ги покани на оваа роденденска забава. Не само што го поканив шефот, сите мои колеги, сите луѓе кои некогаш сум ги меморирала во мојот телефон, туку им испрати покани врз основа на имињата со кои се зачувани во мојот телефон.“

„Сакам да одделите секунда и да помислите на сите имиња снимени во вашиот телефон и начинот на кој се зачувани“ – вели Емили во видеото.

@twodachshundkings

If you recevied an invitation, no you didnt.

♬ original sound - Em, IV, Montie, & Ren

Во интервју за Today, Емили рекла дека очекувала околу 35 луѓе на забавата.

„Беше смешно и страшно. Бев преплашена и шокирана. Бев возбудена, бидејќи сум во 20-тата недела од бременоста и сакав денот да биде специјален за ќерка ми. Кога ја видов листата, крвта ми пресуши во телото“ – рекла таа.

Во контактите на Емили имало личности кои ги познавала пред 15 години, меѓу кои „Слаткото момче од барот“, „Дерек (Eye Roll)“, „Џес ја удри колата на паркингот“...

Емили Кинг

Откако видеото се рашири на социјалните мрежи многумина се пошегуваа на сметка на Емили.

„Би умрела ако ‘Марк сè уште ми должи 100 долари’ се појави на роденденот на син ми“.

„Рита ‘досадната колешка’ ја прифати поканата на Evite“.

„Еднаш бев на состанок со маж и го зачував во телефонот со името на неговото куче. Кучето му се викаше Маргарет“.

„Се прашувам дали ‘Блокиран и мртов за мене’ ќе се појави?“ – се дел од коментарите.

Од страницата Evite веднаш реагирале на ова.

„Веднаш стапивме во контакт со Ем само што го видовме нејзиниот пост. Иако имаме неколку чекори за вакви нешта да не им се случат на гостите, случајот на Ем нè инспирираше да направиме нешто што се вика ‘Emily Hotfix’ кое ги отстранува функциите за селектирање на сите контакти. Секогаш учиме од нашите корисници“ – рекла директорката на Evite.

Компанијата ѝ испрати вредносни ваучери од 250 долари за да помогне во покривањето на трошоците за поголема забава.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11516 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.