Практични совети на почетокот на сезоната на вируси

Ако во наредните недели морате да одите доктор – било за преглед, медицинско уверение или рецепт, најверојатно ќе забележите долги редици пациенти кои чекаат пред вратата. Кивање, кашлица, деца со загрижени мајки, постари луѓе кои постојано ги бришат вцрвенетите носови. И тоа е нормално – влегуваме во почетокот на сезоната на настинки и вируси, а речиси моменталниот премин од релативно високи температури кон постудени претставува чест удар за луѓето со компромитиран имунитет или оние подложни на грип и вирусни заболувања и настинки. Освен тоа, постпандемискиот период сè уште вклучува и висока зачестеност на CoVid-19, покрај стандардните сезонски болести. Дали има начин да се заштитиме од бранoт настинки, вируси и респираторни заболувања? Еве неколку едноставни, но многу корисни совети како да го направиме тоа.
Најпрво, да видиме што е заедничко и какви се разликите помеѓу грип и Covid-19. Двата вируса се пренесуваат по воздушен пат и симптомите им се слични – кашлица, температура, болки во мускулите, течење или затнат нос. Разликата е што Covid-19 често удира посилно со своите симптоми, а дополнително вклучува и главоболка, замор и недостаток на воздух. Оздравувањето од CoVid обично трае две недели или повеќе, додека од грип се ослободуваме за околу една недела. Во двата случаи е непријатно да се разболиме, а кај компромитирани пациенти може да биде и опасно. Затоа експертите нè предупредуваат да внимаваме како да се заштитиме.

Избегнувајте преголеми гужви кога е можно. Во почетокот на сезоната на грипови, избегнувајте да присуствувате на пренатрупани настани, дискотеки и барови. Таму поминуваме многу време со непознати луѓе, а можно е меѓу нив да има и носители на вируси.
Доколку сепак се заразиме, важно е да останеме дома, наместо да ги шириме вирусите меѓу блиските, пријателите, колегите или случајни луѓе надвор. Се разбира, по појава на симптоми важно е да се консултираме со лекар.
Она што можеме сами да го направиме е да знаеме како да ги ублажиме симптомите. Одмор, сон, здрава храна и течности се задолжителни во овој случај. Стандардните лекови како аспирин, препарати со парацетамол, витамин Ц, капки за нос и производи за болки во грлото најчесто се присутни во нашите домашни аптеки.
Stamatin е одличен додаток и борец против вируси, грипови и симптоми на настинка. Неговата формула содржи целосно природни состојки како корен од кинеската билка Isatis Tinctorial (позната во кинеската традиционална медицина по своето силно антивирусно дејство), африкански здравец, кој може да помогне при искашлување, како и имуностимулаторите цинк и витамин Ц. Богатата и моќна формула на Stamatin ги блокира вирусите од прикачување и придонесува за чистење на организмот и брзо оздравување. Може да се користи превентивно за поддршка на силен имунитет или веднаш при првите знаци на инфекција. Stamatin можете да го најдете во аптеки и онлајн.

Вакцинација: Против сегашните варијанти на грип постојат доста ефикасни вакцини. Иако е најдобро вакцинацијата да се направи пред развивањето на болестите – крајот на октомври или ноември, сепак може да се направи и порано. Со тоа не само што се заштитуваме себеси, туку и нашите блиски.
Маски: Ако се возите во преполн јавен превоз, присуствувате на настан со многу луѓе, а особено ако чекате пред лекарска ординација, ставете маска на лицето за да го намалите ризикот од контакт со потенцијално заразени луѓе.
*Важно е да знаеме дека ако почувствуваме дека се разболуваме и симптомите не почнат да се намалуваат по 4-5 дена, треба да се обратиме кај матичниот лекар и ако е потребно, да почнеме поинтензивен третман. Stamatin нуди и интензивна неделна шема за заштита.
Покрај овие совети, ви посакуваме да бидете здрави и отпорни и да ја уживате убавината на зимата со весел дух и кревко здравје.