Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пред 19 години доби ќерка со покојниот Хит Леџер, сега ѝ се роди четврто дете со сурогат-мајка: Мишел Вилијамс со среќна вест

Пред 19 години доби ќерка со покојниот Хит Леџер, сега ѝ се роди четврто дете со сурогат-мајка: Мишел Вилијамс со среќна вест

Мишел Вилијамс ја потврди веста дека доби четврто дете во петтата деценија од животот и го откри полот.

44-годишната актерка, која многу ретко зборува за приватниот живот, се отвори за радосната вест дека со нејзиниот сопруг, композиторот Томас Кејл, добиле ќерка преку сурогат-мајка. Веста ја сподели за време на гостување во емисијата на Џими Кимел.

Мишел Вилијамс

„Морам да ѝ се заблагодарам на Кристин, затоа што ова последно бебе не дојде преку моето тело. Нашата сурогат-мајка е заслужна за нашата чудесна ќеркичка. Можеби нè гледа сега. Ти благодарам, Кристин“ – рече Вилијамс, видно емотивна.

Актерката откри дека сега има три деца под пет години дома, но со насмевка додаде дека сè е под контрола: „Сè е под контрола. Јас сум возрасната личност“

Мишел Вилијамс

Пред 5 години Вилијамс и Кејл го добија синот Харт, а во 2022 година им се роди второто дете чиј пол сè уште го чуваат како тајна.

Мишел Вилијамс

Таа претходно беше во брак со музичарот Фил Елверум, но се разделија по само девет месеци. Во ретка исповед, Мишел тогаш изјави дека конечно нашла љубов која ја прави да се чувствува слободно и сакано.

Мишел Вилијамс

Најголемата ќерка на Вилијамс, Матилда, веќе има 19 години и е плод на љубовта со нејзиниот покоен партнер, актерот Хит Леџер. Двајцата ја добија Матилда во 2005 година, а само три години подоцна, светот беше потресен од смртта на Леџер, кој трагично почина од предозирање со лекови.

Мишел Вилијамс Мишел Вилијамс Мишел Вилијамс Мишел Вилијамс Мишел Вилијамс

И покрај бројните лични загуби и предизвици, Вилијамс денес го живее семејниот живот опкружена со љубов и благодарност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28570 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.