Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на дете со попреченост раскажа за случка во ресторан која е одличен пример за инклузија

Мајка на дете со попреченост раскажа за случка во ресторан која е одличен пример за инклузија

Мајка на дете со посебни потреби раскажа за случка која ѝ влеала надеж дека светот може да биде инклузивно место полно со љубезност.

Додека била на ручек со семејството, Аманда Делука забележала дека во ресторанот работи маж со попреченост. Она што ја трогнало и расплакало, била почитта со која сите менаџери и вработени се однесувале кон него.

Делука била восхитена од ова место, па решила да го сподели впечатокот на социјалните мрежи:

Аманда Делука

Попладнево, со семејството бевме на ручек во еден од омилените ресторани на мојот син. Имаа вкусни колачи, неверојатен персонал и одличен кечап за пилешките медалјони.

Денес, додека го јадевме нашиот ручек, забележавме возрасна личност која работеше во просторијата за вечерање. Слично како и мојот син, тој имаше попреченост.

Ги проверуваше масите, ги собираше послужавниците и стоеше блиску до друг работник во собата за вечерање каде му помагаше да ги состави нарачките.

Истурка столица до една празна маса, но помисли дека звукот е премногу гласен, па дојде до нашата маса за да ни се извини додека ние го уверивме дека воопшто не ни е проблем.

Застана за да поразговара со менаџерката покрај нашата маса. „Одлично си ја вршиш работата“ – му рече таа. „Сè изгледа убаво и чисто“ – го увери таа.

Оваа љубезност ме насмеа.

По кратко време, друга менаџерка го застана и му рече: „Многу сум среќна што работиш со нас. Одлично се справуваш“.

Мојот сопруг ми шепна: „Контролирај се, мамо“.

Но, не можев. Солзите ми течеа од очите.

Надеж дека индивидуите како мојот син ќе се чувствуваат ценето на работното место. Можност да бидам сведок на инклузијата за која се молиме секој ден.

Независност и вредност. Тимска работа. Место каде што припаѓаш и блескаш.

Група луѓе кои го вклучија овој маж како дел од нивниот тим, кои зборуваа со него со љубезност и успокојување. Место каде тој се чувствуваше важно и добредојдено. Каде е ценет и почитуван.

Одлична работа... Вашиот ресторан ѝ ја даде на оваа мајка надежта која ѝ беше потребна денес за нејзиното 8-годишно дете со посебни потреби.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.