Почетна » Новости » Занимливости » „Мамо, не можам да видам подалеку од тебе, бидејќи ти си мојот свет“: Текст од гледна точка на бебето разнежува

„Мамо, не можам да видам подалеку од тебе, бидејќи ти си мојот свет“: Текст од гледна точка на бебето разнежува

Сомнежите и дилемите во главите на мајките никогаш не исчезнуваат. „Дали постапувам правилно?“, „Дали моето малечко е среќно?“, „Дали некогаш ќе спијам повторно?“, „Дали сум доволна?“ – ова се само дел од прашањата кои си ги поставуваат жените кога ќе зачекорат во светот на мајчинството.

Авторката Џесика Улрихс со текст од гледна точка на бебето одговара на сите тие прашања, потсетувајќи ги мајките дека нивните малечки ги сакаат токму онакви какви што се и дека за нив тие се совршени.

Мајка

Мамо,

Во моментов не можам да видам подалеку од тебе, многу сум малечко и сè ми е матно.

Сè што гледам си ти.

Кога се чувствуваш осамена, како да си затворена во тесен простор, запомни дека и јас сум тука. Знам дека твојот свет се промени и дека деновите ти се чинат по малку самотни. Но, тие не се самотни за мене.

Ти ми си сè.

Кога чувствуваш дека не знаеш што правиш, за мене изгледа како да е лесно. Иако сè уште се запознаваме, ти ме познаваш подобро од кого било друг.

Ти верувам.

Кога во некои вечери ќе си мислиш дека никогаш повторно нема да спиеш, знај дека ќе спиеш. Двајцата ќе спиеме. Но, во моментов сум уплашено. Ти ветувам дека не манипулирам со тебе. Само ми треба твојот мирис и утеха. Дали ја чувствуваш таа љубов во срцето кога сме разделени? Јас го чувствувам.

Ми недостигаш.

Кога чувствуваш како да не постигнуваш ништо, те молам знај, никогаш не сум било толку многу исполнето. Деновите кои тебе ти летаат, мене ќе ми бидат најдобрите спомени кога си игравме седнати на подот.

Те сакам.

Кога чувствуваш дека повеќе не знаеш која си, кога не сакаш да се погледнеш во огледалото, тоа ќе биде единственото лице што ќе го барам низ толпата кога ќе постигнам нешто. Причината за мојата прва насмевка.

За мене ти си совршена.

Кога тешкотијата на сето ова ќе натежне во твоето срце, те молам знај дека јас никогаш не сум се чувствувало полесно. Може ли да полежам тука подолго време? Нема секогаш да ми требаш како што ми требаш сега.

Но, сега ми требаш.

Кога чувствуваш како да немаш ништо повеќе да ми дадеш, кога ги гледам твоите раце испружени кон мене за да ме заштитат, кога и двајцата плачеме... Посакувам да можев да зборувам, но не можам. Кога само би можело да ти кажам дека постои причина што те избрав тебе.

Мамо, не можам да видам подалеку од тебе, бидејќи ти си мојот свет. Наскоро тој ќе се зголеми.

Но, засега те гледам само тебе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.