Почетна » Новости » Занимливости » „Мама и тато, ви благодарам“: Момче тајно дипломира и ги изненади родителите

„Мама и тато, ви благодарам“: Момче тајно дипломира и ги изненади родителите

Пречките се појавуваат во животот, но она што е важно е како ние ќе ги надминеме. Оваа лекција на светот му ја одржа Ханс Мухика, момче кое ги надминало сите препреки кои му стоеле на патот за тајно да дипломира и да ги изненади и усреќи своите родители.

Ханс Мухика

24-годишниот апсолвент пред неколку години бил суспендиран од факултет, но тоа не го повредило ни приближно толку многу, колку што го повредило разочарувањето на лицата на неговите родители.

Во тој момент, Ханс се заколнал дека никогаш повеќе нема да направи нешто со кое би ги разочарал личностите што го израснале.

„Тие секогаш ми велеа дека најголемиот подарок што можеш да им го дадеш на твоите родители е подарокот на образованието. Овој момент го планирав предолго и конечно дојде.“

„Пред неколку години бев суспендиран од факултет. Кога моите родители дознаа, изразот на нивните лица ми го скрши срцето. Лицата им беа прекриени со апсолутно разочарување и тага. Во тој момент си реков дека никогаш повторно нема да направам нешто за да го видам тој израз. Никогаш нема да направам нешто за повторно да ги разочарам.“

„Моите родители никогаш не дознаа дека ќе дипломирам. Секогаш им велев дека тоа ќе се случи наскоро, но никогаш не им кажав кога“ – пишува тој.

Иако го изгубил правото да студира во државна квота, Ханс се вратил на факултет и работел за да ги покрива трошоците. За жал, заработката не била доволна за да го плати студентскиот кредит и морал да изгуби уште една година за да работи подалеку од своето место на живеење.

На посветеното момче му требале шест години и многу труд за да ја постигне својата цел, а кога конечно дипломирал, им приготвил незаборавно изненадување на родителите.

Фотографиите и видеото од емотивниот момент станаа вирален хит на интернет.

Ханс Мухика Ханс Мухика

„Ми требаа години за да го испланирам изненадувањето за моите родители. Тоа не е нешто што можам да го осмислам од денес за утре. Знаев дека сакам да ги изненадам родителите откако ќе дипломирам, но поради моите грешки, тоа се одолговлекуваше. Кога дојде денот, ми олесни. Тие си мислеа дека позираат за семејна фотосесија за проект... без да се свесни дека ќе им соопштам дека дипломирав.“

„Поминав шест години во и надвор од факултетот, но секоја непреспана ноќ вредеше кога ги видов реакциите на нивните лица. Тоа беше толку прекрасно чувство. Во пликот имаше две покани за моето дипломирање. Писмото што го гледате во видеото е за да ја изразам мојата благодарност кон нив. “

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.