Next Time направија бум со преработката на „Слушам кај шумат шумите“ и придонесоа новите генерации да ја засакаат старата македонска песна.
Четири мали девојчиња од душа ја отпеаја „Слушам кај шумат шумите“ додека се возеа во автомобил и станаа хит на социјалните мрежи.
Слаткото видео, кое го објавија Next Time на Facebook, досега има над 7.600 допаѓања и речиси 2.500 споделувања. „Една од главните причини зошто се обработуваат овие стари народни изворни песни!!! Срциња“ – стои во описот на видеозаписот.