„Дауновиот синдром е убав“ – ова е пораката која фотографката Џули Вилсон ја испраќа со својата нова фотосесија. Фотографиите од 21 лице со Даунов синдром се направени за да се променат негативните перцепции на луѓето за ова нарушување.
Вилсон ја изгубила 35-годишната сестра со Даунов синдром поради проблеми со срцето, а таа смрт оставила огромна празнина кај неа. Талентираната Американка постојано се залага за подигнување на свеста кај луѓето, како и информирање на трудниците и мајките за Дауновиот синдром.
Фотографиите од проектот „Down Syndrome is Beautiful“ се направени по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, кој секоја година се одбележува на 21 март.




„Нашата фотосесија е направена со 21 индивидуа со Даунов синдром за да му ја покажеме на светот убавината на нашите различности. Да му покажеме на светот дека Дауновиот синдром е навистина убав“ – пишува Џули.



















Претходно Џули имаше снимено фотосесија со 11 дечиња со Даунов синдром, по која ја започна соработката со својата партнерка Шенон, која има ќерка со ова генетско нарушување. Нивната организација „Nothing Down“ се фокусираат на прекрасните нешта кои децата со Даунов синдром можат да ги направат и ги прават.
„Планираме да го промениме начинот на кој се соопштува дијагнозата и се надеваме дека ќе ги осветлиме позитивните страни на вашиот нов благослов“ – пишуваат тие на својот сајт.
