Почетна » Новости » Занимливости » Луѓето се поважни од машините во новата ера на комуникација

Луѓето се поважни од машините во новата ера на комуникација

Покрај тоа што четвртата индустриска револуција е убедена дека технологијата ќе преовлада, фокусот и понатака е на луѓето, нивните емоции и вредности, додека технолошките решенија брзо го менуваат светот - но по мерка на човекот. Ова е пораката на десетта по ред Direct Media Академија, која во театарот Мадленијанум во Белград, Србија собра повеќе од 500 највлијателни експерти за маркетинг и медиуми од регионот.

Овој маркетинг настан беше домаќин на светските реномирани предавачи и локални експерти од областа на брендирање и комуникација, иновации и имплементација на најновите технологии во медиумите, менаџментот во новата ера и филмската индустрија.

Поздравувајќи ја публиката, директорот на DIRECT MEDIA United Solutions, Јован Стојановиќ изјави дека системот на DIRECT MEDIA е подготвен да влезе во нова технолошка ера во која ќе биде потребен сеопфатен пристап за решавање на деловните предизвици.

„Ваквиот пристап вклучува ширина во креативното решавање на проблемите во комбинација со сеопфатно користење на технологијата, за поефикасен и поквалитетен одговор на брендовите кон потребите на потрошувачите", изјави Јован Стојановиќ.

Direct Media Академија

Повеќе од 84% од учесниците на Академијата веруваат дека човекот во новата ера на комуникација треба добро да ги познава луѓето отколку машините, иако како многу извесно и корисно се гледа употребата на технологиите како што се машинското учење и вештачката интелигенција во маркетингот и медиумите. Според 65% од испитаниците, фокусот на рекламните кампањи на новата ера на комуникација ќе биде на емоциите на потрошувачите, на што исто така се согласи и еден од најкреативните умови на сегашноста и предавачот на DIRECT MEDIA Академијата, Равид Куперберг од Агенцијата Mindscapes.

„Како и секогаш, клучната вештина е да ги разбереме луѓето, нивниот живот и настаните што ги доживуваат, како и креативни нови начини за решавање на проблемите на луѓето, кои се релевантни за брендот. Технологијата никогаш не треба да биде суштина на една приказна, туку треба да помогне да ја заживее“, изјави Равид.

Direct Media Академија

Кога станува збор за медиумска трансформација, телевизијата како „оригинален“ инфлуенсер ќе остане и понатака најдоминантниот медиум, но во нова форма, порачаа на Академијата експертите од областа на телевизиските иновации.

„Преминот од аналогна во дигитална телевизија во комбинација со новите технологии овозможи корисничкото искуство и конзумирањето на содржините да бидат повеќе персонализирани и прилагодени на индивидуалните потреби и вкусови. Сега кога овие иновации се достапни во вашиот регион, квалитетот на гледачкото искуство многу ќе се подобри“, изјави Вилем Јансен од компанијата FreeWheel, Comcast, која е глобален лидер во технолошките решенија за рекламирање и телевизија.

Direct Media Академија

Срѓан Ѓурѓевиќ, директорот за истражување и развој во „United Media“, кој оддржа предавање на темата телевизиски иновации, изјави дека денешниот гледач бара прилагодена содржина, бидејќи очекува да гледа содржина што тој ја сака без да мора да пребарува.

„Употребата на мобилни уреди расте со голема брзина, денешните гледачи постојано се движат, брзо живеат и сакаат сè да им е на дофат на рака. Телевизијата мораше да го следи овој тренд и да им ја обезбеди на гледачите содржината што ја посакуваат во тој момент на нивниот уред. Сепак, не е доволно да се има само голема количина на телевизиски содржини, потребна е и моќна технолошка платформа заснована на најновите технологии како што се ML и AI, како и брз и лесен кориснички интерфејс. Преку нашиот центар за иновации, United Cloud, се трудиме постојано да ги следиме новите трендови и технологии, а со тоа да го зголемиме задоволството во гледање телевизија на нашите корисници", рече Срѓан.

Кога станува збор за новиот мрежен организациски модел, ко-основачот на Digitalizuj.Me и програмскиот директор на конференцијата Spark.me, Владимир Вулиќ, го сподели и своето мислење за процесот на дигиталната трансформација како еден од најважните катализатори во еволуцијата на бизнисот.

„Најважниот чекор на патот на дигиталната трансформација е промена на начинот на размислување. Современите работни методи бараат промена на парадигмата не само кога станува збор за технологијата, туку и во начинот на организирање на работата и процесите во рамките на компанијата. Вработените треба да ја преземат улогата на рамноправни креатори на вредности, додека комуникацијата со сите засегнати страни мора да се заснова на слободниот проток на информации и соработка", рече Владимир.

Меѓу предавачите оваа година се најде и Јон Буркхарт, маркетинг консултант на TBC Global, стратег за контент и коавтор на книгата Newsjacking како и Драган Бјелориќ, славнот актер и режисер од Србија.

Direct Media Академија

Во новата ера на комуникација, важноста на поседување на мултидисциплинарни вештини ќе биде речиси еднакво значајна, како и познавањето на комплексните технологии, заклучија учесниците на DIRECT MEDIA Академијата.

Стекнувањето на нови знаења и практични вештини беа тема на дводневната едукација за време на која учесниците во двата модули „Медиуми“ и „Брендирање“ преку серија на предавања и работилници ги презентираа најновите трендови во областа на медиумите и комуникациите. Предавања ги водеа експерти од DIRECT MEDIA United Solutions.

Секоја година, приходите од продажбата на котизациите од Direct Media Академија се користат за хуманитарни цели, како и оваа година.

Direct Media Академија Direct Media Академија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.