Денес, сè поголем дел од луѓето се опседнати со социјалните мрежи и прават сè што можат за да го прикажат својот живот како совршен и луксузен.
За да им угоди на корисниците на Instagram, руска компанија изнајмува авион за само два часа, за клиентите да можат да си направат гламурозни фотографии со кои подоцна ќе можат да се пофалат на популарната социјална мрежа.
За 200 евра, „Private Jet Studio“ им отстапува паркиран авион на своите клиенти за фотосесија, а со дополнителна доплата, тие добиваат и личен фотограф, фризер и шминкер.



















Што ли не ќе направат зависниците од Instagram, само за да се истакнат во толпата?