Додека малиот Венген патува низ светот на соништата, неговата мајка околу него создава бајковит свет и секоја авантура ја овековечува со фотоапарат. Креативната Квини Лиао користи облека и најразлични предмети од домот за да создаде интересни сцени во кои ѕвезда е малото детенце.
Невообичаениот албум „Wengenn in Wonderland“ веќе е составен од 100 фотографии, а несомнено ќе биде драгоцен спомен за малиот Венген.
„Мојата визија беше да создадам серија фотографии кои ќе го прикажуваат него како го истражува својот замислен и волшебен свет кој напомнува на бајка“ – изјавила Квини за веб сајтот BoredPanda.
„Многу сум среќна што имам можност да ги споделам со читателите не само фотографиите, туку и нешто поважно, необјаснивата љубов, радост и гордост кои ги чувствував како мајка додека го создавав овој специјален албум за мојот син Венген“ – дополнила таа.


























Квини била инспирирана од делата на Адел Енерсен, која минатата година стекна светска слава со фотографиите од малата ќерка Мила.