Почетна » Новости » Занимливости » Корона свадба на дистанца: Младоженецот во дворот, невестата со позитивен тест на прозорец

Корона свадба на дистанца: Младоженецот во дворот, невестата со позитивен тест на прозорец

Коронавирусот откажа/промени милиони планови. Во време на пандемија, апсолутно ништо не изгледа како порано, вклучително и свадбите.

Една од необичните венчавки годинава е на пар од Калифорнија, кој не дозволи позитивен тест да му го уништи свадбениот ден.

Патрик Деладо и Лорен Хименез испланирале безбедна, интимна свадба, но неколку дена пред да се заколнат на вечна љубов, таа дознала дека е инфицирана со коронавирус. За да не им пропадне дозволата за склучување на брак, тие решиле сепак да си го реализираат замисленото, само со одредени измени.

За време на церемонијата, невестата седеше на прозорецот на вториот кат на куќата додека младоженецот го изговори судбоносното „Да“ од дворот.

Патрик Деладо и Лорен Хименез Патрик Деладо и Лорен Хименез Патрик Деладо и Лорен Хименез Патрик Деладо и Лорен Хименез Патрик Деладо и Лорен Хименез

Свадбената фотографка која ги сподели фотографиите, ја појасни фотосесијата: „Што да правиш ако тестот е позитивен 3 дена пред твојата венчавка, а сите околу тебе се негативни? Твојата дозвола за брак истекува на закажаниот свадбен ден и државата е затворена, па не знаеш кога следно ќе можеш да се мажиш! Единствениот разумен одговор е да ги искористиш сите години на гледање на најдобриот дизниев филм ‘Златокоса’ и да креираш прекрасна церемонија на која ќе се омажиш за љубовта на твојот живот додека си во карантин. Вчера беше КОВИД венчавка и имавме реална КОВИД невеста, но Лорен и Патрик сепак си разменаа заклетви и прстени и се заколнаа на вечна љубов.“

Патрик Деладо и Лорен Хименез Патрик Деладо и Лорен Хименез Патрик Деладо и Лорен Хименез Патрик Деладо и Лорен Хименез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.