Почетна » Новости » Занимливости » Корално синиот Huawei P9 е спој на врвна иновација и беспрекорен дизајн

Корално синиот Huawei P9 е спој на врвна иновација и беспрекорен дизајн

Технолошка уникатност, иновативен концепт за камера со двојка леќа во соработка со легендарната Leica, совршен дизајн и извонредни оперативни можности, сите овие карактеристики се споени во носечкиот модел на Huawei - P9. Освен со сите овие специфики, Huawei сега изненадува со уште еден препознатлив детаљ. Топ-моделот на компанијата за 2016 година сега на македонскиот пазар е достапен и во сина варијанта, која што несомнено ќе ги инспирира обожавателите на прекрасни и елегантни бои.

Huawei

Новата сина боја носи чувство на мекост и топлина, коишто во комбинација со иновативните технички карактеристики, на уредот му даваат поинаков изглед. Дури и во сина варијанта, Huawei P9 подеднакво одговара и на мажите и на жените, кои што во своите раце сакаат да имаат спој на исклучително брз телефон со стилски и модерен дизајн.

Huawei

Друга новина овозможена од Huawei е тоа што сината верзија на овој смартфон се нуди со мобилен полнач од повисока класа, што дава можност за 30 отсто побрзо полнење на батеријата во споредба со претходниот полнач. За само 30 минути уредот се полни и до 50 проценти.

Huawei

Кога го гледаме Huawei P9 со својата камера со двојна леќа, веднаш забележуваме дека за брендот-производител навистина ништо не е невозможно. Квалитетот на сликата и брзината на фокус на фрејмовите придонесуваат за креирање фотографии со извонреден интензитет, реализам и стил. Двојната камера ја издигнува смартфон-фотографијата на ниво што до овој миг е непозната, односно на корисниците им дава шанса да уловат и динамични бои и одушевувачки црно-бели моменти.

Мора да се напомене дека компанијата го применува овој иновативен пристап не само кај фотографијата, туку и кај беспрекорниот дизајн, ултрабрзиот систем за препознавање отпечатоци, како и кај фантастичниот екран, со цел да ги импресионира потрошувачите на сите страни од светот. Моделот P9 има неверојатно брз процесор и ја користи последната верзија на оперативниот систем Андроид.

Huawei

Сите овие предности, во комбинација со новиот „син тон“ со право му ја доделуваат лидерската позиција на Huawei P9 на полето на смартфоните од висока класа. Huawei P9 дефинитивно е една од најдобрите понуди за 2016 година и на македонскиот комерцијален пазар се очекува да пристигне во декември.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11569 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.