Ли Ридли победи на „Britain’s Got Talent 2018“. 37-годишниот Британец со церебрална парализа стана првиот комичар кој се има изборено за победа на шоуто за таленти.
Ли ги освои публиката и жирито со одличната смисла за хумор и позитивната енергија. Ридли, кој не може да зборува цел свој живот, комуницираше со публиката со помош на компјутер.


Тој доби бројни комплименти и многупати беше нарекуван инспирација за лицата со посебни потреби.
„Луѓето често ме прашуваат зошто сакам да се ставам во позиција каде сите зјапаат во мене и ми се смеат. Вистината е, тоа посекако ми се случува секој ден. Овој пат барем е време и место за тоа“ – вели Ли, кој е познат како „Lost Voice Guy“ или „Момчето без глас“.

Погледнете го неговиот настап во финалето:
Погледнете колку се израдува Ли кога беше прогласен за победник:
