Почетна » Новости » Занимливости » Кардио тренинг во фитнес центарот Cybex

Кардио тренинг во фитнес центарот Cybex

Кардио вежбите се одличен начин да го зачувате вашето срце здраво, но и да ја одржите вашата линија. Овој тип на вежби помагаат за согорување на калории, слабеење, намалување на стресот и подобрување на сонот. Но исто така, го подобруваат капацитетот на белите дробови и го прават срцето посилно. Кардио вежби се секој тип на вежби кои ја забрзуваат работата на срцето и белите дробови. Се препорачува да ги практикувате барем три до четири пати неделно.

Во кардио-тренингот спаѓаат аеробните вежби без оптеретување кои одржуваат висок ритам на работа на срцето во одреден временски период. Така, можете да се одлучите за одење, трчање, возење велосипед, пливање, трчање на трака, степери, прескокнување јаже или по желба да ги комбинирате овие неколку активности во траење од 30 до 60 минути.

Фитнес центарот Cybex при Спортскиот Центар Јане Сандански ги има сите потребни справи, машини и реквизити за да направите одличен кардио тренинг. Тука се и фитнес инструкторите кои ќе ви помогнат со вежбите и ќе ви дадат совети за правилни вежби, како и што да внесете во телото после кардио тренингот.

Фитнес центарот Cybex Фитнес центарот Cybex

За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk или пак следете нè на Facebook и Instagram.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.