Меган Маркл и принцот Хари ја објавија овогодишната божиќна честитка. На нацртаната слика, славниот пар позира со синчето Арчи и нивните кучиња во градината од новиот дом во Калифорнија.
Честитката е насликана според фотографија направена од мајката на Меган, Дорија.


Потесетете се на минатогодишната честитка на Меган и Хари со малиот Арчи.

Арчи е единственото дете на Меган и Хари, кои стапија во брак во 2018 година.
