Почетна » Новости » Занимливости » Како ефикасно да се заштитите од сонцето и како да спречите алергии?

Како ефикасно да се заштитите од сонцето и како да спречите алергии?

Комерцијален текст

Последниве неколку децении науката дојде до доста нови сознанија во однос на влијанието на сонцето на нашата кожа. Научно се докажа дека сонцето освен позитивно влијание, остава и трајни оштетувања на кожата. УВБ, УВА зраците и високоенергетската видлива светлина (ВЕВС) како дел од сончевиот спектар доведуваат до изгореници, ги оштетуваат колагенот и еластичните влакна во кожата што води до намалена еластичност и тонус на кожата и појава на брчки, предизвикуваат и нарушување на пигментацијата на кожата, оштетување на клетките и нивната ДНК што пак доведува до можност за појава на бенигни и малигни промени на кожата итн.

Токму со цел помош околу овие проблеми, Еуцерин го основа еден од најголемите научноистражувачки центри во светот, кој во позадина има огромен број на научници, кои работат на креирање иновативни решенија/производи за заштита од сонце.

Еуцерин

Производите освен што овозможуваат висококвалитетна заштита од УВБ, УВА и ВЕВС, имаат и биолошка заштита која ги заштитува клетките и наследниот материјал од оштетувањата коишто можат да ги направат слободните радикали. Тоа е особено важно за децата чијашто кожа е многу чувствителна и е подложна на оштетување и за кожата на лицата постојано изложени на сонце.

Медицинската колекција на Еуцерин за заштита од сонце на располагање има повеќе производи, со цел да се задоволат индивидуалните потреби на секој корисник. Има производи за нега и заштита на кожата на лицето, производи за тело, производи за деца и производи наменети за луѓе кои имаат алергија на сонце. Последниве производи се уникатни и многу ефикасни во заштита на кожата од сонце и воедно спречување на алергиска реакција на кожата од сонце.

Еуцерин

Кога сме надвор, во основа треба да ги следиме т.н. златни правила, а тоа се: да го избегнуваме силното пладневно сонце, да не ги изложуваме бебињата и малите деца до 3 години на прејака сончева светлина, да избереме производ за заштита од сонце според нашиот фототип на кожа, да нанесеме од него пред да излеземе на сонце и редовно да повторуваме во текот на денот, да носиме облека од лесен материјал, капа, очила за сонце, да пиеме доволно течности и да бидеме особено внимателни со изложување на сонце доколку сме правеле ласерски третмани, хемиски пилинзи или ако земаме фотосензибилизирачки лекови.

Дерматовенерологот д-р Соња Петрушевска Доневска, стручен медицински соработник на Еуцерин во Македонија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11525 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.