Почетна » Новости » Занимливости » Исчезнато 3-годишно аутистично момче беше пронајдено неповредено, неговите две лојални кучиња го чуваа безбедно

Исчезнато 3-годишно аутистично момче беше пронајдено неповредено, неговите две лојални кучиња го чуваа безбедно

Најголемиот кошмар за секој родител стана реалност за едно семејство на почетокот од месецов, кога нивното 3-годишно синче исчезна.

Малиот Маршал Батлер од Флорида, кој е аутистичен и не може да зборува, носел само пелени на себе кога бил виден последен пат пред да исчезне. Единствената утеха за неговите најблиски било тоа што заедно со него биле и нивните две кучиња Баквид и Нала.

„Бевме испаничени. Секакви сценарија ни се вртеа во главите. Бевме преплашени низ целиот тој процес“ – рекла тетката на момчето.

Маршал Батлер

Во потрагата по момчето се вклучила и локалната полиција и соседите. На Facebook имало апел за помош во потрагата со цел да се соберат колку што е можно повеќе луѓе. „Минутите се скапоцени кога се трага по загубено дете“ – рекла Кори, полицајка која учествувала во потрагата.

По неколку часовна потрага, Маршал бил пронајден од сосетката Керол Шелтон на километар и пол од неговиот дом. Двете негови кучиња биле покрај него.

Маршал Батлер

„Двете негови кучиња беа таму покрај него... Благодарни сме што кучињата на некој начин го водеа и претпоставувам го чуваа безбеден од змии и такви работи“ – рекла Керол.

Маршал Батлер Маршал Батлер

„Маршал беше во добро расположение кога го пронајдовме. Малку беше валкан од пешачењето низ шумата, но не беше повреден и беше среќен. Кучињата се лојални суштества. Чувствувам дека тие знаеја дека треба да останат покрај него кога го видоа сам. Нивните инстинкти дојдоа до израз. Останаа покрај момчето и го пазеа додека не го пронајдовме“ – изјавила полицајката Кори.

„Ние не заслужуваме кучиња“ – напиша шерифот Мајкл Адкинсон кој ја водел потрагата.

Маршал Батлер

Зарем е потребен поголем доказ дека кучето е најдобриот пријател на човекот?

Маршал Батлер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.