Почетна » Новости » Занимливости » Историска посета: Папата Франциск меѓу илјадници верници на плоштадот Македонија во Скопје

Историска посета: Папата Франциск меѓу илјадници верници на плоштадот Македонија во Скопје

Папата Франциск денеска е во еднодневна посета на нашата држава.

Откако беше пречекан во претседателската палата на Водно на официјалната церемонија со високи државни и воени почести, поглаварот на римокатоличката црква се упати на кратка средба со верски лидери и лица од ранливи категории во спомен-куќата на Мајка Тереза.

Потоа, 82-годишниот врховен свештеник се појави на плоштадот Македонија за закажаната Света Литургија, а верниците ги исполнија предвидените места.

Папата Франциск Папата Франциск

Светиот Отец носеше уникатна литургиска облека. Материјалот за мисницата е направен од 100% волна во бела боја испреплетена со златни нитки. Ширитот кој се наоѓа напред и одзади е во црвена боја проткаена со златни нитки. Ширитот и златниот извез, т.е. црвената и жолтата боја ги означуваат националните бои на Северна Македонија. На врвот на ширитот се наоѓа знакот на Дружбата Исусова која е претставена со огнено сонце на кое со црвена боја е испишан монограмот IHS.

Над буквата H се издигнува крст, а под монограмот се наоѓаат три клинци во црна боја. Од него излегуваат пет златни црти кои ги означуваат петте Исусови рани, Исусовата апсолутна жртва на крстот. На тие црти се распоредени цветови од нард кои го симболизираат Св. Јосиф, заштитникот на сеопштата црква. Извезот завршува на дното со ѕвезда која ја симболизира Пресвета Дева Марија, Мајката Христова и Мајката на Црквата. Одзади се повторува истата симболика, само наместо знакот на Дружбата Исусова има монограм, иницијалите на Исус Христос со алфа и омега. Монограмот IHS, ѕвездата и нардовиот цвет се преземени од папскиот грб, а тие се повторуваат како на мисницата така и на митрата и штолата.

Мисницата е дар од младиот брачен пар Драган Георгиевски и Марија Георгиевска Ристовска кои денес ќе сведочат пред папата Франциск на екуменската и меѓурелигиска средба со младите.

Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск Папата Франциск

За папата Франциск

Хорхе Марио Бергољо, папата Франциск (Франциск I) е роден на 17 декември 1936 год. во Буенос Аирес, Аргентина во семејство со пет деца. Татко му бил италијански мигрант. Дипломирал хемиска технологија, но подоцна се одлучува да стане свештеник и влегува во богословија. Во новицијатот на монашкиот ред Дружба Исусова (позната како Исусовци) влегува на 11 март 1958 год.

Хуманистичките студии ги завршува во Чиле, а по враќањето во Буенос Аирес, завршува филозофија на Филозофскиот факултет при колеџот „Сан Хосе“ во Сан Мигел.Следните две години предавал книжевност и психологија на колеџот „Имаколата“ во Санта Фе, а во 1966 год. ги предавал истите предмети на колеџот „Салваторе“ во Буенос Аирес. Од 1967 до 1970 година студирал теологија на Теолошкиот факултет при колеџот „Сан Хосе“ во Сан Мигел.

На 13 декември 1969 год бил ракоположен за свештеник, а во Дружбата на Исусова во Алкала де Енарес (Шпанија) го поминал својот трет пробандат од 1970 до 1971. На 22 април 1973 ги дава своите доживотни завети. Бил магистер на новаците во “Вила Барилари” во Сан Мигел (1972-1973), преофесор на Теолошкиот факултет, конзултор во својата Провинција и ректор на колеџот. На 31 јули 1973 бил именуван за провинцијал на Аргентина и на таа служба бил шест години.

Меѓу 1980 и 1986 година ја извршувал функцијата ректор на колеџот и Филозофскo-теолошкиот факултет, а бил и парох во бискупијата Сан Мигел. Во март 1986 година заминал во Германија каде ја завршил докторската дисертација. Подоцна бил преместен во колеџот „Салваторе“, а оттаму бил преместен во црквата на Дружбата Исусова во градот Кордоба, каде ја извршувал службата на духовник и исповедник.

Тогашниот папа, свети Иван Павле II на 20 мај 1992 год. го именувал за помошник бискуп на Буенос Аирес, а на 27 јуни истата година во катедралата во Буенос Аирес кардиналот Антонио Куарачино го ракополага за бискуп.За надбискупски коадјутор на Буенос Аирес бил именуван на 3 јуни 1997, а на 28 февруари 1988, по смртта на кадриналот Куарачино, го наследува на неговата надбискупска служба. Бергољо меѓу останатите функции бил ординариј за верниците од источен обред кои живеат во Аргентина, како и Голем канцелар на Аргентискиот католички универзитет.

На десетото редовно општо собрание на Синодот на бискупите одржано во октомври 2001 бил генерален релатор. Од ноември 2005 до ноември 2011 бил претседател на Аргентинската бискупска конференција. Свети Иван Павле II го именувал за кардинал на конзисториумот на 21 февруари 2001, со средиште во црквата Св. Роберт Белармино. Бил член на Комисијата за Латинска Америка, Советот за семејство, Конгрегацијата за богослужба и дисциплина на светите таинства, како и на Конгрегацијата за посветен живот.

Бергољо е автор на: “Meditationes para religiosos” (Медитации за монасите) 1982, “Reflexiones sobre la vida apostolica” (Рефлексии за апостолскиот живот) 1986 и “Reflexiones de esperanza” (Рефлексии за надежта) 1992.Станал популарен меѓу народот како „кардинал на сиромашните“. Имено, Бергољо додека ја извршувал службата надбискуп патувал со јавниот превоз, а наместо во бискупска палата, тој одбрал да живее во изнајмен стан. Говори шпански, италијански, а го користи и германскиот јазик.

Познат е како добар готвач, љубител на операта, пријател на грчката класика, на Шекспир и Достоевски, а исто така бил добар пливач иако од детството има тешкотии со белите дробови.Кардиналот Хорхе Марио Бергољо беше избран за поглавар на Католичката црква на 13 март 2013. Тој е прв папа кој му припаѓа на монашкиот ред на Дружбата Исусова, доаѓа од Латинска Америка и прв папа кој го зема името Франциск.

Фото: Филип Вирановски / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.