Почетна » Новости » Занимливости » Зоран Заев со сопругата Зорица и ќерката Александра се сретнаа со папата Франциск

Зоран Заев со сопругата Зорица и ќерката Александра се сретнаа со папата Франциск

Зоран Заев беше меѓу македонските политичари кои го пречекаа папата Франциск во Скопје. По пристигнувањето на аеродромот, Светиот Отец и 44-годишниот премиер, заедно со претседателот Ѓорге Иванов, се упатија во претседателската резиденција „Вила Водно“, каде Папата одржа свој говор.

Заев беше придружуван од сопругата Зорица и ќерката Александра и сподели фотографии од средбата со поглаварот на римокатоличката црква.

Заеви со папата Франциск Заеви со папата Франциск Заеви со папата Франциск Заеви со папата Франциск

„Во рамките на апостолската посета на Неговата Светост и прв свештеник на Католичката Црква, се сретнав со Папата Франциск.“

„На средбата порачав дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на Северна Македонија и го замолив Папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата.“

„Ја истакнав заложбата Република Северна Македонија да ја продолжи својата афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа“ - стои во описот на фотографиите.

Заеви со папата Франциск Заеви со папата Франциск Заеви со папата Франциск

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.