Почетна » Новости » Занимливости » Инспирација: Атлетичарка растела во сиромаштија со 6 браќа и сестри, сега руши рекорди и освои злато во Токио

Инспирација: Атлетичарка растела во сиромаштија со 6 браќа и сестри, сега руши рекорди и освои злато во Токио

Јулимар Рохас е вистинска инспирација.

25-годишната атлетичарка, која растела во сиромаштија во Венецуела, не само што освои златен медал во трискок на Олимпијадата во Токио, туку и го сруши светскиот рекорд во оваа категорија поставен пред 26 години. „Само небото е граница“ – рекла Јулимар пред да се упати во Токио и навистина покажа дека тоа е така.

Таа е првата спортистка од Венецуела која некогаш освоила олимписко злато и сега им носи надеж на други атлетичари од нејзината сиромашна земја.

Рохас пораснала во сиромаштија, во дом кој го делела со уште шест браќа и сестри. Уште од мали нозе, покажувала склоност кон спортот и имала огромен потенцијал. На почетокот се занимавала со тимски спортови како одбојка, фудбал и кошарка, а талентот за трискок ѝ бил откриен во 2014 година.

Нејзиниот поранешен тренер раскажува: „Еден ден, тренирав младинци во трискок и таа се појави и започна да зборува со нив, велејќи им: ‘Да се обложиме дека можам да ве победам’. И туку-така скокна 12 метри“.

Уште со својот прв скок од 15,41 метри, Рохас ја остави конкуренцијата зад себе и постави рекорд на Летните олимписки игри. Но, на последниот скок, таа го покажа најдоброто од себе и скокна 15,67 метри, рушејќи го светскиот рекорд поставен од Украинката Инес Кравец во 1995 година.

„Се стремев кон светски рекорд... Можев да слушнам како публиката извикува ‘WOW’. Не морав да видам, бидејќи во мојата глава, моето срце и моето тело, веќе знаев. Мојот тренер врескаше и скокаше и славеше. Беше неверојатно“ – рекла таа за моментот кога сфатила дека го направила најголемиот успех во нејзиниот живот.

Јулимар го запознала својот тренер Иван Педросо преку Facebook и тоа била пресвртна точка во нејзината кариера. Откако Facebook алгоритам ѝ предложил на Јулимар да го побара Иван за пријател, таа му испратила порака за да му каже дека му се воодушевува. Тој ѝ одговорил на пораката и ја поканил да тренира со него во Шпанија.

„Тоа беше судбина. Требало да се случи. Мислам дека познанството со Иван беше пресвртница во мојот живот. Штотуку срушив светски рекорд и имам златен медал на Олимпијада. Тоа е бесценето. Си ги остварувам соништата“ – рекла Рохас.

„Мислам дека отворам врати – не само за мене. Исто така отворам врати за луѓето кои сакаат да постигнат големи нешта и да испишат големи нешта за мојата земја“ – додала таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.