Почетна » Новости » Занимливости » Инвестирајте во вашиот нов автомобил!

Инвестирајте во вашиот нов автомобил!

Одлуката за купување на нов автомобил воопшто не е лесна. Долго време поминувате во разгледување и избирање на идеалниот модел за Вас пред да ја донесете конечната одлука. Првиот чекор пред да го изберете автомобилот е проценката на Вашата финансиска сотојба во моментот и поставувањето на финасиските цели за исплата на истиот.

ПроКредит Банка Ве советува на кои прашања да обрнете внимание пред да ја донесете конечната одлука со цел да ги задоволите Вашите желби, но и да останете во рамките на Вашите финасиски можности и да не се презадолжите непотребно.

Кредит за нов автомобил

Прочитајте ги нашите практични совети при купување на нов автомобил!

1. Истражете го пазарот и цените

Пред да појдете во салон за да купите автомобил, бидете подготвени и истражете го пазарот и автомобилите слични на тој што го посакувате. Споредете ги карактеристиките, потрошувачката, трошоците за одржување, достапноста на делови и секако цените на автомобилите.

2. Дознајте ги Вашите права како купец

Задолжително склучете договор за купување на автомобилот, без разлика дали го купувате од салон за автомобили или купувате веќе користено возило од соственик.

Договорот би требало да ги содржи следниве одредби:

  • детални податоци за тип возило, година, боја, идентификациски број, сериска и дополнителна опрема
  • цена на автомобилот
  • услови на плаќање и
  • дополнителни белешки побарани од страна на купувачот за состојбата на возилото.

Бидете сигурни дека возилото ја поседува целата дополнителна опрема, првенствено побарајте ги сите клучеви (како и резервниот клуч).

3. Проверете ги опциите за автомобилски кредит

Истражете ги понудите за кредит од локалните банки и финансиски институции. При избор на најповолна опција земете ги во предвит следниве 3 фактори:

  • Рок на отплата на кредит – колку подолго го враќате кредитот толку повеќе расте и вкупниот инос на каматата која треба да ја платите
  • Тип на каматна стапка на кредитот – фиксната камата ви гарантира дека истата ќе остане непроменета за даден временски период. Фиксната каматна стапка Ви нуди сигурност дека Вашата рата за кредит нема да се менува
  • Дополнителн трошоци за кредитот како провизија при исплата, административни трошоци и слично. Секогаш информирајте се за сите дополнителни трошоци со цел да имате комплетна слика за понудата за кредит

Кликнете на линкот за да дознаете повеќе за кредитните поволности и услови за автомобилскиот кредит на ПроКредит Банка.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10378 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.