Почетна » Новости » Занимливости » Игри во кал и природа: Вака изгледа еден ден во градинка во Данска

Игри во кал и природа: Вака изгледа еден ден во градинка во Данска

Видео од дечиња кои си играат во кал стана онлајн хит.

Всушност, станува збор за еден нормален ден во градинка во Данска кога на дечињата им е дозволено да бидат во допир со природата и покрај лошите временски услови.

Ова е редовна практика во скандинавските земји бидејќи се смета дека само така децата ќе можат најдобро да ги развијат своите сетила.

„Играњето и скокањето во кал е повеќе од само забава – тоа е од суштинско значење за сетилниот развој на децата. Кога децата се валкани со кал, тие ги вклучуваат сите свои сетила: допир, вид, мирис, па дури и слух. Играта во кал нуди богато сетилно искуство што не може да се повтори во затворен простор. Дозволете им да нурнат во радоста на калливата игра – нивните сетила ќе ви се заблагодарат за тоа“ – стои на профилот „The Danish Way“, каде беше споделено видеото.

Деца Деца Деца

„Не постои лошо време, постои само лоша облека“ – велат жителите на скандинавските земји. Во училиште и градинка децата мора да имаат облека за сите временски услови, бидејќи многу често децата се носат на настава во природа, во зоолошка градина и на фарма.

„Работам во данска градинка и можам да ви кажам дека децата носат облека за секакви временски услови. Возрасните во дневниот центар знаат точно каква облека им треба на децата. Кога врне, тие облекуваат водоотпорни јакни и панталони и гумени чизми, а кога е студено, ставаат топла облека одоздола“ – вака вработена во градинка го опиша начинот на функционирање.

Деца Деца Деца Деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11486 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.