Почетна » Новости » Занимливости » И ти имаш шанса да го запознаеш легендарниот Роналдо! Дознај како!

И ти имаш шанса да го запознаеш легендарниот Роналдо! Дознај како!

За многу генерации, тој беше првиот избор за играч на PlayStation. Беше побрз водејќи топка отколку повеќето фудбалери без неа и за него, Зинедин Зидан кажа „Кога тој ќе ја земе топката кај себе, трча 2,000 милји на час.“ Во 1997, на само 21 година, тој стана најмладиот добитник на Ballon d’Or, рекорд кој го држи и ден денес. Исто така, го скрши рекордот за најмногу трансфери два пати пред неговиот 21ви роденден – Марадона е единствениот друг кој го има скршено два пати на било која возраст. Станува збор за легендарниот Роналдо – или таканаречениот Феномен.

Роналдо

Експертите и навивачите го сметаат Роналдо Луис Назарио де Лима за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Во 2011 година, тој беше избран за „Играч на деценијата“ на шпанската верзија на веб-страната Goal.com со 29,55% од сите гласови. Роналдо е еден од тројцата кои три пати ја освоија наградата за фудбалер на годината од ФИФА, заедно со Зинедин Зидан и Лионел Меси, а е единственииот фудбалер кој ја освои Златната топка и Златната копачка на две различни Светски првенства. Играше за Бразил во дури 98 натпревари, постигнувајќи 62 гола, и е втор по број на постигнати погодоци за својот национален тим веднаш зад Пеле. На 17 годишна возраст, Роналдо беше најмладиот член на Бразилскиот тим кој го освои Светското Првенство во фудбал во 1994.

Можеби има играчи кои имаат постигнато и повеќе, но никој го нема достигнато неговиот микс на вештина, сила и неверојатна брзина. Секој пат кога бил инволвиран во напад тоа било како истрел од стартерски пиштол: на твој знак, постави се, гол!

Со тој стартерски пиштол ние го означуваме почетокот на големата Snickers наградна игра! Ја имаш неверојатната шанса да отпатуваш во Бразил и да ја запознаеш оваа фудбалска легенда! Се прашуваш како? Во периодот од 4ти мај до 12ти јуни 2018 година, купи Snikcers промо-пакување од 50г, пронајди го единствениот код, регистрирај се на snickers.mk или испрати го кодот преку СМС на 149941. Освен главната награда патување во Бразил и средба со легендарниот Роналдо, ќе се доделуваат и Snickers чоколади, PlayStation PS4 и многу повеќе. Повеќе информации на: snickers.mk

Ти не си ти ако не учествуваш!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25951 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.