Почетна » Новости » Занимливости » Зошто фитнес и аеробик инструкторите од СЦ „Јане Сандански” препорачуваат вода со лимон

Зошто фитнес и аеробик инструкторите од СЦ „Јане Сандански” препорачуваат вода со лимон

Толку едноставно, а толку многу корисно - велат инструкторите во фитнес и аеробик центрите во Спортскиот центар „Јане Сандански”. Штом се рассоните наутро, сè што треба да направите е да исцедите лимон во една чаша млака вода, или пак да ставите 2-3 парчиња лимон во чашата.

Зошто?

Затоа што водата со лимон го прочистува вашето тело. И покрај киселиот вкус на лимонот, тој е одличен извор на алкална храна, а тоа значи дека ја балансира pH вредноста. Докторот Франк Липмен вели дека една чаша вода со лимон наутро го буди црниот дроб и ги мие токсините во вашиот организам.

Јане Сандански

Лимоните го хранат вашето тело со магнезиум, калиум, бакар и 112 милиграми витамин Ц. Има само 60 калории, а 3 грама протеин.

Лимонот содржи пектин, тоа значи дека вашето тело цел ден апсорбира хранливи материи и овозможува храната лесно да поминува низ вашиот систем.

Освен лимонот, постои и антиоксидант наречен д-лимонен кој го има и во портoкалот, но е најзастапен во кората на лимонот. Овој антиоксидант активира ензими во црниот дроб кои се дел од првата и втората фаза од процесите на детоксикација, т .е прочистување.

Три литри вода со лимон во денот освен што го прочистува и освежува телото, исто така го забрзува метаболизмот за 33%. Тоа согорува околу 100 калории плус во денот.

Друга важна придобивка од водата со лимон е тоа што ја прави важата кожа посвежа и поздрава. Антиоксидантите ги намалуваат недостатоците на кожата, дури и брчките.

По сето ова, задолжително пијте млака вода со лимон секој ден за вие и вашето тело да бидете поздрави, посвежи и полни со витамини.

Јане Сандански

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11414 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.