Не е доволно само да ја затемните спалната или да го прескокнете попладневното кафе за да спиете подобро, обрнете внимание и на другите важни елементи што влијаат на квалитетот на сонот
Направивте сè вообичаено; престанавте да пиете кафе во доцните попладневни часови, ја затемнивте спалната соба, не гледате веќе вознемирувачки содржини пред спиење што ви го реметат заспивањето, па зошто сеуште се борите со сонот и никако не можете да заспиете?
Сигурно знаете дека поради недоволно квалитетното спиење сте уморни и незадоволни и во текот на целиот ден имате чувство како да сте во магла. Несоодветниот број на часови поминати во спиење има многу негативни ефекти врз здравјето; го зголемува ризикот од развој на дијабетес, депресија, кардиоваскуларни заболувања, па дури влијае и врз зголемување на телесната тежина. Затоа, ако повлијаеме на квалитетот на сонот, со сигурност ќе повлијаеме и на квалитетот на животот. Спиењето не е губење на време, ниту состојба без свест, туку неопходен процес за регенерација на духот и телото. Здрав и удобен сон нè препородува преку ноќ, но само доколку подлогата и душекот на кој поминуваме третина од нашиот живот е удобен и овозможува оптимална поддршка на телото.

Дормео искомбинира некои од најпријатните производи од природата со најновите иновативни материјали за да обезбеди неверојатно удобен сон. Душеците направени од алое вера, посребрени влакна, памук и други материјали овозможуваат свежо, релаксирачко и конфорно спиење.
А само денес, на 27 декември, на специјалниот Дормео Ден можете да добиете 20% попуст на сите душеци!
2во1 перницата која е истовремено и анатомска и класична, направена од комбинација на микрофибер влакна и мемори пена само денес ја добивате по цена од 990 денари. Наддушекот Renew го добивате со 30% попуст и со подарок перница Renew, а Light прекривката со цени 890, 1290 и 1490 ден во зависност од димензијата. Волшебната постелнина Sweet dreams 200х200 см ќе биде ваша за само 1290 денари.
Не чекајте. Веднаш кликнете ТУКА или јавете се на 02/ 30 94 552, изберете добар сон, магична постелнина и перница за слатки соништа!
Комерцијален текст