Почетна » Новости » Занимливости » Забава во дворот: Посветен татко ѝ направи патека со препреки на 5-годишната ќерка

Забава во дворот: Посветен татко ѝ направи патека со препреки на 5-годишната ќерка

Лајла МекКал има само 5 години, а веќе поседува импресивни вештини. Видео, во кое слаткото девојче ги покажува своите „нинџа“ способности, стана вирално и веќе милиони лица ширум светот се одушевуваат на силата на Лајла.

Лајла и нејзиниот татко Гевин отсекогаш биле љубители на шоуто „American Ninja Warrior“, во кое натпреварувачите се обидуваат успешно да ги поминат сите препреки кои им се поставени на патеката и што побрзо да стигнат до целта.

Гледајќи дека Лејла постојано се обидува да ги имитира учесниците и полека да ги изострува своите вештини, посветениот татко решил во дворот да ѝ изгради патека со предизвици и препреки каде таа ќе може секојдневно да тренира.

Погледнете го видеото кое на Facebook досега има 98 милиони прегледувања:

„Девојките се Суперѕвезди“ – пишува на маичката на Лајла во видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.