Почетна » Новости » Занимливости » „За секое детенце да биде среќно“: 5-годишната Михаела од Струмица ја донираше косата за деца болни од рак

„За секое детенце да биде среќно“: 5-годишната Михаела од Струмица ја донираше косата за деца болни од рак

Михаела Димитрова има срце големо колку цела планина.

Трогнато од предизвиците со кои се соочуваат децата со рак, 5-годишното девојче од Струмица ја скрати својата долга коса и прамените ги донираше за изработка на перики за болни дечиња.

Приказната за овој прекрасен гест на малата Михаела ни ја раскажа нејзината мајка Даниела.

„Инспирацијата за да ја донираме косата дојде кога Михаела запозна девојче болно од канцер и ме праша зошто тоа девојче нема коса. Кога ѝ објаснив, ќерка ми одма ме праша дали може да дадеме од нејзината коса за секое детенце да биде среќно и да има косичка“ – изјави Даниела.

Михаела Димитрова Михаела Димитрова Михаела Димитрова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26755 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.